Средба на директорите на македонската и албанската агенција за странски инвестиции и промоција на извозот

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија, Газменд Абдија, денеска во Тирана оствари средба со директорот на Албанската агенција за развој на инвестиции, АИДА, Сокол Нано.

Средбата се одржа во рамки на напорите за продлабочување на соработката меѓу институциите.

За време на средбата, соговорниците го споделија своето искуство за олеснување и привлекување странски инвестиции, како и за реализација на заеднички инвестициски проекти, објавија од кабинетот на Нано.

Според истиот извор, соговорниците  се договориле за организирање на иден состанок во Скопје, со цел одблиску да се запознаат со работењето на Инвест Македонија (Invest Macedonia) како и со работата на слободните економски зони во Македонија”.

Според податоците објавени од албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), трговската размена со Македонија изнесува 12,5 милијарди лека (колу 120 милиони евра)  во првите 4 месеци од годинава.