
Потпретседателот на Македонската алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Едмонд Османи, оствари пријателска средба со министерот за внатрешни работи, Ервин Хоџа, на која во фокусот на разговорот беше граничниот премин Требиште – Џепиште и важни прашања кои ја засегаат македонската заедница во областа на Голо Брдо.
Министерот Хоџа покажа длабоко познавање и посебна почит кон македонската заедница и жителите на Голо Брдо, изразувајќи подготвеност граничниот премин да се отвори што е можно поскоро за сите граѓани и да функционира 24 часа дневно.
Тој истакна дека ова ќе донесе економски развој за регионот и подобрување на животот на секое семејство, како дел од визијата за подобра и одржлива иднина за овој крај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden