
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера оствари средба со германскиот политичар и актуелен пратеник во Бундестагот г. Армин Лашет.На средбата која беше во функција на унапредување на македонско-германските односи, беа размените информации во врска со состојбите со македонските евроинтегративни процеси, а се разговараше и за случувањата во регионот, Европа и светот.Во тој контекст, се разменија размислувања и ставови за овие прашања и се споделија можните решенија на краток, среден и долг рок. Воедно на средбата беше истакната важноста на културната дипломатија, односно можноста луѓето од различни средини да се запознаваат меѓусебно со цел да разменуваат сознанија, искуства и позитивни примери од своето минатото кои може да бидат од корист за заедничката иднина.Во рамки на дводневниот форум во текот на вчерашниот ден беше оддржана и средба меѓу учесниците на Форумот за културна Дипломатија со Националниот совет за евроинтеграции во македонскиот парламент на која покрај германскиот пратеник Лашет се обратија претседателот на советот, пратеникот Александар Николовски, пратеничката Силјановска Давкова, како и пратеничките на парламентите во Шкотска и Хрватска, Еш Реган и Далија Орешковиќ. Г. Лашет кој беше кандидат за германски канцелар на парламентарни избори во 2021 и поранешен премиер на покраината Рајна-Вестфалија, престојуваше во Македонија на покана на претседателот Иванов по повод учеството на Форумот за културна дипломатија – Скопје 2023.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden