Ставен во функција македонскиот културно -информативен центар во Тирана

Ставен е во функција македонскиот културно-информативен центар во Тирана,објави на својот Фејсбук профил директорот на Центарот, Златко Ориѓански. 29.04.2021 годна. Македонскиот културно информативен центар во Тирана, Република Албанија, е ставен во функција. Следи свечено отворање. Ајде аирлија нека е! Историски момент за нашите две пријателски земји!“, напиша Ориѓански.

Ставањето во функција на центарот го поздрави Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден“-Тирана. Овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни, изјави Ѓурѓај за МИА.

Спогодбата за отворање вакви центри во Тирана и во Скопје, беше потпишана во мај 2019 година а во јули истата година беше објавено дека музичарот Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Парламентот во Скопје брзо по потпишувањето ја ратифкува спогодбата, додека Парламентот во Тирана на почетокот на февруари 2020 година. По ратификацијата, од собраниската говорница, Стерјовски, од име на партијата и од сите Македонци во Албанија, ја пренесе целосната поддршка за отворање вакви центри.

Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави, рече тогаш Стерјовски.

Advertisement