
Во рамки на напорите за подобрување на состојбата на Македонците раководството на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција продолжува со средбите со Македонците низ цела Албанија. Лидерот на партијата и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, заедно со партискиот потпреседателот Едмонд Османи, генералниот секретар Таќо Гроздани и членот на Извршниот комитет, Бесник Хасани оствариa средба во село Требиште, и со претставници на селата од оваа област, на која присуствувал и Или Халилај, претседател на огранокот на македонското друштво „Илинден“ за Голо Брдо, на која биле изнесени проблемите со кои се соочуваат. Лидерот на партијата и пратеник во албанскиот парламент, Стерјовски вети дека во новата година ке се ангажира по више за решавање на проблемите за Македонците во областа Голо Брдо.

Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden