Стерјовски освари средба со Претседателот на Владата на Македонија Спасовски

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, се сретна со Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Албанија и претседател на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Албанија, придружуван од генералниот секретар на партијата, Таќо Гроздани.

На средбата е разговарано за начинот на којшто се справуваат со здравствено-економската криза Македонците кои живеат во Голо Брдо и Мала Преспа. Разгледани се можности како Македонија би можела да им помогне на социјално загрозените семејства во Голо Брдо и Мала Преспа, во справувањето со последиците од пандемијата.

На состанокот е констатирано дека добрите меѓудржавни односи на Македонија и Албанија имаат одраз и во грижата за подигнување на квалитетот на живот на Македонците во Албанија, преку проекти за подобрување на комуналната инфраструктура во местата во коишто живеат.

Advertisement