Стерјовски освари средба со проф. д-р Илинден Спасе

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски освари средба со проф. д-р Илинден Спасе, син на познатиот писател од македонско потекло од Глобочани, Мала Преспа, Стерјо Спасе и со Павле Вурмо, успешен бизнисмен во Тирана со потекло од Преспа. Проф. д-р Илинден Спасе му подари на Васил Стерјовски романот-монографија “Мојот татко Стерјо” посветен на животот и литературното дело на Стерјо Спасе.

Advertisement