Стерјовски, освари средба со Сузана Шутц, одговорна во Федералната канцеларија за југоисточна Европа во МНР на Германија

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, со претседателката на парламентарната група “Демократи”, Рудина Хајдари во просториите на албанското Собрание оствари средба со амбасадорката Сузана Шутц, одговорна во Федералната канцеларија за југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА во министерството за надворешни работи на Германија и заменик амбасадорот на Германија во Албанија, Др. Јоханес Дитрих. Амбасадорката Шулц истакна дека Германија ќе се заложи за брз почеток на преговорите за членство на Албанија и Македонија во ЕУ и побара да се продолжи со реформите.