Стерјовски праша за состојбата со Преспанското Езеро и Националниот парк, но не доби соодветен одговор од министерот Клоси

Еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанското Езеро и управувањето со фондовите во Националниот парк „Преспа“ по барање на Васил Стерјовски, пратеник од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, беа тема на расправа на денешната пленарна седница на парламентот во Тирана.

Интерпелацијата со министерот за туризам и животна средина, г-дин Бленди Клоси ја побарав за еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанското Езеро и управувањето со фондовите во Националниот парк Преспа. На Преспанското eзеро поради сушата и климатските промени му се заканува еколошка катастрофа и од 2018 година до денес изгуби вода на висина од 5 метри и е повлечено најмалку 200 метри, во споредба со првичната водна линија.

Преспанското езеро ги спојува териториите на Албанија, Македонија и Грција и е проблем што ги засега сите три земји кои го делат езерскиот брег и мора да се преземат заеднички активности за забавување на оваа природна катастрофа. За да ја илустрирам ситуацијата денес во Преспанското Езеро, покажувам две фотографии од албанскиот дел на Преспанското Езеро во близина на селото Горица. Првата фотографија е од 2018 година, додека втората фотографија е фотографирана оваа недела, покажувајќи го комплетниот дел од езерото што е повлечен.

Моите прашања до г-дин министер се:

a) Дали Министерството за туризам и животна средина го следи повлекувањето на водата во Преспанското Езеро и како е претставена состојбата?

б) Дали Министерството за туризам и животна средина планира мерки, студии, програми или конкретни проекти заедно со релевантните институции на Македонија и Грција да се спречи алармантниот пад на водата во Преспанското Езеро?

Поради богатиот биодиверзитет, со одлуката број 80 на Советот на министрите од 18 февруари 1999 година прогласен е Националениот парк Преспа. Во последните 20 години од формирањето на Националниот парк Преспа, министерството за туризам и животна средина во соработка со странски донатори спроведе разни проекти за Националниот парк Преспа со цел заштита на животната средина, подигање на свеста на населението, градење на капацитетите на администрацијата на Националниот парк Преспа, зголемување на бројот на туристите, подобрување на животот на жителите, беа изготвени разни студии, сето тоа достигна вредност од неколку милиони евра.

За жал, сите овие проекти не придонесоа за намалување на сиромаштијата во областа, ниту за заштита на животната средина во Националниот парк Преспа, чија територија во 90% се совпаѓа со територијата на Општина Пустец. Во јануари 2016 година, потпишан е владин договор “Прекуграничен резерват на биосферата Преспа“. Според договорот, германската влада ја финансираше втората фаза од проектот “Прекуграничен резерват на биосферата Преспа“ со грант од 3,5 милиони евра, со времетраење од 2016 до 2020 година. Целта на проектот беше да се намали употребата на природните ресурси, како и да се намали сиромаштијата во албанскиот дел од Преспанскиот биосферски резерват, да се зачува биолошката разновидност и да се подобрат условите за живот на населението во паркот Преспа. Ова е четврта година од имплементацијата на овој проект, но се уште нема реални инвестиции поддржани од овој проект во областа на паркот Преспа.

Моите прашања во врска со ова проблематика за г-дин министер се:

(1) Дали Министерството за туризам и животна средина извршило ревизија и побарало сметка за потрошените фондови за овие проекти, но и за тековниот проект што се спроведува “Прекуграничен резерват на биосферата Преспа”?

(2) Дали не треба поинаку да се менаџираат овие проекти за да им служат на благосостојбата на населението кое живее во областа на паркот Преспа?

(3) Дали не е време, фондовите од овие проекти да не одат на странски експерти, семинари, конференции, изработка на различни стратегии и ручеци, туку да се инвестираат за конкретни работи што им’ се потребни на населението, како што е третманот на отпадните води, управувањето со отпадот или агро-туризамот?

Почитуван министер

Со оглед на тоа што Преспанското eзеро губи големи количини вода секој ден, мора да се преземат итни мерки од страна на трите земји Албанија, Македонија и Грција, бидејќи eзерото е на работ на еколошка катастрофа. Од консултациите што ги имав со специјалисти од областа, како единствено решение за спас на Преспанското eзеро, тие ми препорачаа да се стави во функција проектот за пренасочување на реката Девол. Во 1974 година постоеше проект од комунистичката влада за транспорт на водите на реката Девол во Малото Преспанско Езеро. До 2001 година, албанскиот дел на Малото Преспанско Езеро се снабдуваше со вода од реката Девол во текот на зимата, додека во лето Корчанското поле се наводнуваше со ова вода. На устието имаше редуктор за да се запре талогот што доаѓа од реката Девол.

Поради лошото управување после 90-тите години, каналот за хранење и каналот за комуникација што ја поврзуваше реката Девол со Малото Преспанско Езеро не се чистеа и матните води на Девол влегуваа без да се запре тињата и со текот на годините во Малото Преспанско Езеро продиреа 1,2 милиони м³ седименти, претворајќи го албанскиот дел на Малото Преспанско Езеро во мочуриште! За да се стави во функција овој проект, потребна е темелна студија, потребен е проект за рехабилитација на Малото Преспанско Езеро и чистење на каналот за хранење и комуникацискиот канал, како и да се превземат мерки за да не влегува талогот на реката Девол.

Овој проект може да чини значителна сума, но како единствена опција за спас на Преспанското Езеро, овој проект може да биде финансиран заеднички од трите земји Албанија, Македонија и Грција, како и од европски институции и други донатори. Во врска со проектите што се реализирани во Паркот Преспа, врз основа на законот „За правото на информирање“, во февруари и јуни оваа година, преку протоколот на Собранието, побарав од Министерството за туризам и животна средина информации: а) Колку е вкупниот фонд што преку разни проекти од странски донатори и локални институции се инвестирани во Националниот парк Преспа од 1999 година до денес? До денес, Министерството за туризам и животна средина не ми има вратено никаков одговор на овие барања, иако според законот требаше да добијам одговор во рок од 10 дена. Не знам зошто е државна тајна да се знае колку средства се дадени на Националниот парк Преспа за овие 20 години.

Според податоците што може да се најдат јавно за Националниот парк Преспа во овие 20 години од различни донатори се дадени над 20 милиони евра. Не верувам дека постои друга област во нашата земја каде се дадени над 20 милиони евра, но од друга страна жителите на ова област се најсиромашни во Албанија, каде невработеноста е над просеко.

Почитувани пратеници

Време е отворено да се зборува за проблемите со управувањето со средствата во Националниот парк Преспа. Сите овие проекти што беа дадени во последните 20 години во Паркот Преспа се многу добри на хартија, но многу е тешко да се покаже производот што произлезе од овие проекти. Нема инвестициja што може да им се покаже на жителите. Се организираат само семинари, обуки, се објавуваат различни стратегии, се повикуваат странски експерти. Со 20-те милиони евра кои ce дадени за Преспа доколку се потрошеа како што треба, сега областа Преспа ќе беше една од најразвиените области во земјата.

Жителите на областа Преспа немаат основни услови за живот, како снабдување со вода за пиење. Од деветте села на општината, само две села го решија проблемот со водата за пиење. Од деветте села само од две села го имаат решено проблемот со канализација. Нема поддршка за развој на агроуризмот. Сите овие проекти не помогнаа да се подобрат социо-економските услови и бројните еколошки проблеми каде најголеми проблеми се урбаниот отпад и испуштањето на отпадни води без третман во Преспанското Езеро.

Господине министер

Тековниот проект “Прекуграничен резерват на биосферата Преспа”, кој се спроведува во вредност од 3,5 милиони евра, треба да заврши во мај 2021. Жителите на македонската заедница што живеат во општина Пустец имаат изгубено верба во овој проект. Раководителите на проектот заедно со претставниците на Преспа Парк формално организираат средби со жителите, но не ги земаат предвид нивните барања. Нема транспарентност во начинот на трошење на средствата од овој проект. Жителите на Преспа освен што изгубија верба во овој проект, но се и огорчени бидејќи неодамна од овој проект беа распределени неколку грантови од 500 до 1000 евра, грантови кои беа распределени според партиска припадност.

Господине министер.

Дури и вие за време на прославата на 20-годишнината од создавањето на Националниот парк Преспа во февруари ова година во општина Пустец, јавно изразивте разочарување што неколку пати доаѓате во Преспа и не можи да го видите производот што доаѓа од овој проект што може да им биде прикажан на жителите. Затоа, барам од Вас, господине министер, да гo искористите вашиот авторитет, но и надлежноста што ви се дадени со закон како министер за разгледување на проектот “Прекуграничен резерват на биосферата Преспа”, да се контролираат како досега се потрошени средствата од овој проект и преостанатиот дел од проектот треба да се преговара и да се инвестира во конкретни работи што се од витално значење за жителите на Националниот парк Преспа, како снабдување со вода за пиење, канализација, создавање на подобри услови за развој на агротуризмот, руралниот и фамилјарниот туризам, систем за третман на урбан отпад итн.

За да ја илустрирам состојбата на жителите на македонската заедница во Општина Пустец, ви донесувам дел од написот кој беше објавен пред неколку месеци од порталот „Корча Репорт“. „Корча репорт“ во овој напис пишува, цитирам: „Ако има област каде албанските лидери на државата и владата со години даваа бесконечни ветувања, тоа е во регионот на Корча, во областа Пустец. Не остана претседател и премиер без да се изјасни дека во поранешната комуна и сега општина Пустец ќе се инвестира за туризам и благосостојба на жителите.

Со 9 села и над 5.000 жители, областа Пустец, населена скоро целосно со македонска малцинска заедница, страда овие последни 30 години голем заостаток.. Инвестицијата што ја презеде германската влада за Националниот парк Преспа во која е вклучен Пустец не смени ништо. Финансиските средства насочени кон промовирање на туризмот во областа се скратени. Општина Пустец може да привлече туристи со својата спротивност; примитивизам, живот како со душата меѓу забите на жителите кои ги пробуваат на својот грб најелементарните недостатоци на една заедница во денешно време. Овде можете да видите како земјата сè уште се ора со рало.

Постарите жени жнеат низ бавчите со коси. Цели семејства заработуваат за живот со риболов и нема пазар за нив, но се прогонувани од полицијата кога продаваат циронки по улиците на Корча. Во Пустец нема вода за пиење и жителите таму се молат на езерото кога ќе ја задоволат жедта и ќе ја исперат облеката. Нема камион за собирање на урбаниот отпад за да го однеси во што депонијата Малиќ. Нема протипожарно возило, но е адаптирано едно мало комбе. Нема аптека каде луѓето можи да земаат лекови за здравствените проблеми. Се чини дека општината Пустец е предодредена да претрпи илјада и една маки. Во последниве денови, претставник на владата, кој го посети Пустец, рече дека областа ќе стане туристички модел како мост на соработка и знак на зајакнување на пријателството меѓу двете земји. Жителите кои слушнале многу од овие ветувања повторно се заблагодарија како со слаб глас. Тие веќе се подложени на експериментот како малцинство – пишува Корча Репорт.

Почитувани пратеници.

Ова е реалноста денес во Општина Пустец. Сиромаштијата во општина Пустец е екстремна. Како што можете да видите од овие фотографии, жителите сè уште ја обработуваат земјата како во средниот век со примитивни работни алатки како плугови бидејќи немаат пари да платат трактор за да ја изора земјата. Во Општина Пустец, земјоделството и денес, во 2020 година, остана во услови на земјоделство за опстанок без институционална поддршка.

Почитувани пратеници

За Националниот парк Преспа дадени се големи суми на средства за подобро управување со животната средина и одржлив економски развој. И покрај сите обезбедени средства до денес, се забележува дека е постигнато многу малку во подобрувањето на условите на природната средина и нема подобрување на условите за живот на локалното население во Преспа. Лошото управување со финансиските средства со години го попречуваше социо-економскиот развој на областа Преспа, како и преземање мерки за создавање основна туристичка инфраструктура. Не може да се каже дека не се забележани никакви промени во областа, но тие беа малку и спори. Економските услови и недостатокот на инфраструктура се првите проблеми што треба да се решат во областа.

Жителите на оваа област се генерално гостопримливи луѓе, но поради тешките услови за живот тие покажуваат песимистички однос кон иднината на областа Преспа. Со текот на годините, немаше недостаток на внимание од странски институции поврзани со областа Преспа, ниту пак недостигаше средства и финансиски донации, дадени од овие институции и организации. Средствата не беа управувани како што треба и многу малку е направено во пракса. Средствата што требаше да бидат наменети за снабдување со вода за пиење, поставување на канализација, за асфалтирање на рурални патишта, за редовно снабдување со електрична енергија, се потрошени за изготвување бесконечни планови и програми, кои никогаш не биле спроведени. Ви благодарам