Стерјовски се сретна со француската амбасадорка во Тирана, Барсак

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, денеска во просотриите на албанскот парламент,оствари средба со амбасадорката на Франција во Албанија, Елизабет Барсак, на нејзино барање.

За време на срдбата разговаравме за положбата на македонското малцинство во Албанија, но и за другите малцинства, во рамки на нејзината европска интеграција, каде еден од условите за членство во ЕУ е почитување на правата на малцинствата.

Додава дека на амбасадорката Барсак и го честитал преземањето на функцијата амбасадор на Франција во Република Албанија и се заблагодарил за поддршката што нејзината земја ја дава на евроинтеграцискиот процес на Албанија.

Амбасадорката Барсак ја запознав со положбата на македонската заедница во Албанија, која традиционално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, селото Врбник во областа Девол, како и во повеќе градови во Албанија, која е мирољубива и лојална заедница. Исто така, ја запознав и со потребата од изучување на македонскиот јазик не само во општина Пустец туку и во областите на Гора и Голо Брдо и на целата територија на Албанија каде за тоа постои барање како и за потребата од конкретни инфраструктурни инвестиции во руралните области каде што живее македонската заедница, посочува Стерјовски.

Во овој контекст, ја поздравил одлуката на албанската влада која што одобри фонд од 4 милиони евра за финансирање на проектот за снабдување со вода за пиење на општина Пустец.

-Се согласивме дека освен унапредувањето на правата на македонската заедница во Албанија и другите малцинства, од особено значење е економскиот развој на областите каде што живее македонската заедница и покрај директните инвестиции од страна на владата, треба да се користат и средствата од Европската унија за прекугранична соработка како и унапредувањето на регионалната соработка,рече тој.

Стерјовски на амбасадорката Барсак и подари фотографија на француски војници од 1917 година во Преспа, додека амбасадорката од своја страна освен големата благодарност со задоволство ја прифатила поканата да ја посети општина Пустец, областa Преспа.

Advertisement