Стево Пендаровски е изборот на СДСМ и коалицијата за претседателски кандидат

Стево Пендаровски е кандидат на СДСМ и на коалициските партнери, решило раководството на владејачката партија. Пендаровски од почетокот важеше за еден од посериозните кандидати, кој имаше подршка и во партијата и меѓу граѓаните.

Сепак, во изминативе две недели во прв план беа Никола Димитров и Оливер Спасовски, но Пендаровски сепак беше меѓу фаворитите. Пендаровски доаѓа од позицијата Национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

Advertisement