Стојко Стојков oд ОМО “Илинден”- Пирин: Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав

Македонците треба да бидат внесени во бугарскиот Устав смета Стојко Стојков од партијата на Македонците во Бугарија, ОМО “Илинден”- Пирин. За Фактор вели тоа треба да го побара македонската Влада, но и здруженијата на Македонците во Бугарија. Стојков нагласува дека во Бугарија има повеќе Македонци отколку Бугари во Македонија.

„Апсолутно треба. Мислам и дека го кажав тоа во некое интервју последните два месеци. Штом преговорите се водат меѓу двете земји, би требало Македонија да го побара. Ние овде ниту сме регистрирани ниту признаени“, вели Стојков. Во Бугарија се почесто се зборува дека треба Бугарите да бидат внесени во македонскиот Устав.

Advertisement