Стопанска банка а.д. Битола слави 70 години

Стопанска банка а.д. Битола годинава прославува 70 години постоење, период во кој се докажа како верен поддржувач на работењето на бизнис заедницата и на граѓаните. Банката го одбележа својот роденден во седиштето во Битола.  Довербата која Стопанска банка а.д. Битола ја ужива кај своите клиенти е само потврда повеќе за квалитетот на услугите и иновативноста на производите, кои корисниците лесно ги препознаа. Ова е свечен момент за сите вработени и клиенти на Стопанска банка а.д. Битола – 70 години постоење, раст и развој. Тука не застануваме. Веќе размислуваме за иновации и напредок во следните децении. Нашата визија е секој граѓанин и компанија на едноставен начин да ужива во поволностите кое ги носи модерното банкарство. Атрактивните производи, особено за младите, финансиската поддршка за издржани и просперитетни бизнис проекти и целокупната палета на производи што ги нудиме се резултат на трудот што секој вработен го оставил зад себе. Особено сме среќни и благодарни на довербата што нашите клиенти ни ја даваат. Тоа е силна мотивација и должност за уште поголема посветеност – вели претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, д-р Владимир Ефтимоски.

Врската која банката веќе 70 години ја гради со своите клиенти, особено е зацврстена откако Стопанска Банка а.д. Битола почна да се трансформира во современа и динамична банка, која вложува во квалитетот на производот, брзината на услугата и во развојот на вработените. Карактеристики кои ѝ овозможија да се докаже како една од најуспешните средни банки во Македонија, но и еден од најпосакуваните работодавачи во секторот. Стопанска банка а.д. Битола своето богато портфолио на услуги и финансиски производи го нуди во над 20 филијали низ Македонија. Во пресрет на јубилејната 2018 година, Стопанска банка а.д. Битола по трет пат ги доби и наградите за најдобра банка за работа со физички лица и најдобра банка за работа со правни лица за 2017 година. Наградата ја доделува финансискиот магазин „Global Banking & Finance“, а ова признание за посветеноста на банката кон своите клиенти е само дел од низата што Банката ги има како потврда на стабилноста и професионалноста.

Ја користам оваа прилика да изразам голема благодарност до Управниот одбор и до целиот менаџерски тим на Банката за нивниот непроценлив придонес. Нашата примарна цел е да бидеме успешни во работењето и постојано да го унапредуваме и надградуваме делувањето во сите сегменти, како што се односите со клиентите, понудата на производи и услуги, односот кон заедницата. Во ниту еден случај не треба да се заборават и инвестициите во вработените – дополнува претседателот на Управниот одбор на Банката, Ефтимоски. Стопанска банка а.д. Битола ќе го одбележи овој голем јубилеј и со доделување годишни стипендии за тројца ученици од државното музичко училиште во Битола, со што ја потврдува својата, веќе докажана, општествена одговорност и преку поддршка за значајни културни вредности и млади таленти.

Advertisement