Судот во Будимпешта ја одби екстрадицијата на поранешниот премиер Никола Груевски

Унгарија и официјално ја извести Македонија дека нема да го екстрадира поранешниот премиер на земјата, Никола Груевски. Министерството за правда во Скопје соопшти дека на 5 август добило мислење дека унгарски суд сметал дека законските услови за екстрадиција на Груевски не биле исполнети, по што ќе биде одобрено неговото барање за политички азил, кој пак резултирал во формално известување кое воопшто не е нешто ново.

„Според член ХХВIII за меѓународна правна помош во кривични работи, лице кое добило политички азил не може да биде екстрадирано во земјата од која бега. Затоа, Министерството за правда на Унгарија ги одби барањата за екстрадиција, за кои нашето министерство беше известено во почетокот на август“, велат од скопската институција.

Министерството за правда двапати побара екстрадиција за Никола Груевски, кој беше осуден за аферата „Тенк“ и осомничен за настаните од 27 април 2017 година. Инаку, Виктор Орбан кој што моментално владее со Унгарија е доста близок пријател со екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Имено, Никола Груевски во последните денови е доста активен на социјалните мрежи. Тој продолжува да ја критикува владата.

Advertisement