Светиот архијерејски синод ги поздрави одлуките на помесните цркви за статусот на МПЦ-ОА

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ги поздрави одлуките на оние помесни православни цркви кои МПЦ-ОА ја признаа како автокефална црква или ја примија во евхаристиско и канонско општење.

По редовната работна седница Светиот синод во соопштението за јавноста истакна:

„Македонската православна црква – Охридска архиепископија е чувар на нејзиниот Уставен поредок и норми кои што се однесуваат на нејзиното уставно име МПЦ – ОА и нејзиниот автокефален статус и се раководи по светите канони, догми, Светото писмо и Светото предание. Поглаварот и архијереите – членови на Синодот на Светата Македонска православна црква категорично ги чуваат, одржуваат и не се откажуваат од нив.

Светиот синод на МПЦ – ОА, наоѓајќи се пред Светата четириесетница (Великиот пост) ги повикува своите верни чеда на взаемно простување и им го благословува постот, за достојно да го пречекаме Светлото христово воскресение“.

Advertisement