Светскиот Македонски конгрес бара итно повлекување од разговорите за името

 

Светскиот Македонски конгрес – СМК бара безусловен крај на разговорите за името, итно повлекување на противуставниот Закон за јазиците, како и итно и безусловно ослободување на притворените за настаните од 27-ми април. Светскиот Македонски конгрес во соработка со неколку меѓународни организации на наши иселеници, за утре најави протестен марш. Конгресот бара безусловен крај на разговорите за името, итно повлекување на противуставниот Закон за јазиците, како и итно и безусловно ослободување на притворените за настаните од 27-ми април во Собранието. Организаторите најавуваат дека колоната ќе се движи од пред мисијата на ЕУ во земјава, до Собранието на Република Македонија.