Светскиот Македонски Конгрес ги отфрла изјавите на бугарскиот премиер Бојко Борисов против Македонија

 

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ги отфрла изјавите на бугарскиот премиер Бојко Борисов за антибугарска реторика во Македонија! Напротив, Македонците и Македонија се жртви на антимакедонската патетика и хистерија на Софија за руската проекција “Санстефанска Бугарија од 1878 година” и на бугарскиот иредентизам и ревизионизам кон Македонците и Македонија!

И Франција за време на Втората Светска Војна била под германска фашистичка окупација, но Берлин поради тоа не вели дека Французите се Германци.

Македонците не се виновни за бугарскиот фашизам и пактот на Софија со нацистичка Германија и фашистичка Италија за време на Втората светска војна. Бугарската фашистичка окупација врз Македонија е историска вистина, како и депортацијата на Евреите од Македонија во концентрациониот логор Треблинка во Полска под команда на фашистичка Бугарија!

Право е на Софија да ги именува градовите во Бугарија, но ако Македонија е “бугарска”, СМК прашува: Зошто Софија ги преименува старите македонски имиња на населените места само во Пиринскиот дел на Македонија, Неврокоп во Гоце Делчев, Свети Врач во Сандански, Горна Џумаја во Благоевград итн… Зошто Софија ја преименува македонската топонимија, оронимија и хидронимија во окупираниот Пирински дел на Македонија, како што тоа го стои Атина во окупираниот Егејски дел на Македонија по Балканските војни 1912-1913 година?

Софија има морална и историска одговорност да му се извини на Македонскиот народ за сите историски и општествени неправди и злосторства!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во Републиката и светот, го отфрлаат пристапувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!