Светскиот Македонски Конгрес изразува разочарување и најостро ја осудува грчкото МНР

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува разочарување и најостро ја осудува вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Никола Димитров, дека повеќе нема “да дозволува македонски дипломати да се сликаат со мапи на манифестации на Македонците во светот, на коишто Македонија навлегува на грчка територија!“

СМК го потсетува министерот Никола Димитров дека, мапите со етно-историските граници на Македонија не се државни граници на Македонија, ниту претставуваат територијални претензии на Република Македонија кон нејзините соседни земји! Тие се дел од културното и историското наследство на стотиците илјадници Македонци и нивните потомци насилно прогонети од нивните родни огништа од Егејскиот дел на Македонија, од Балканските војни 1912-1913, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1945 и Граѓанската војна во Грција 1946-1949, кога е извршена окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ!

СМК изразува разочарување од одлуката на министерот Никола Димитров за одговорност на македонскиот генерален конзул Јовица Палашевски во Торонто, поради обвинувањата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за иредентизам, бидејќи ги поздравил Македонците на Македонскиот илинденски пикник во Торонто пред мапа со етно-историските граници на Македонија!

Македонците во светот, ја потсетуваат Владата на Република Македонија, дека љубовта и копнежот кон окупираниот роден крај не претставуваат иредентизам или територијални претензии кон Република Грција Македонците во светот го потсетуваат министерот Никола Димитров, дека Македонците никогаш во историјата не окупирале дел од територијата на Грција, напротив Грција за првпат во својата историја го окупира Егејскиот дел на Македонија во Балканските војни! Македонците во светот бараат Владата на Република Македонија да се ослободи од вина и оправдание кон сите неосновани грчки обвинувања, доколку има намера и натаму да ги продолжи односите со Македонците во светот!

Македонците во светот, евентуалното одбивање на македонски дипломат да ги поздрави Македонците на нивни манифестации, на кои има и мапи со етно-историските граници на Македонија и шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа како семакедонскиот симбол, ќе го сметаат за непријателски чин кон сопствениот Македонски народ и прекршување на членот 49 од Уставот, според којшто Републиката треба да “се грижи за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија“, како и “да го помага нивниот културен развој“ и “да ги унапредува врските со нив“. Културно-историското наследство на Македонците во соседните земји на Републиката и во светот не претставува мешање на Републиката во суверените права и внатрешните работи на Грција!

Македонците во светот изразуваат жалење поради тоа што ниту една Македонска влада досега, ниту еднаш, во било кои разговори со Грција, Европската Унија, НАТО и Обединетите Нации, не ги спомна насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија и не’ побара враќање на нивните државјанства, граѓанските, имотните и наследните права!

Македонците во светот повторуваат, дека шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа не е кршење на македонско-грчката Провремена согласност од 13 септември 1995 година! Шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа претставува семакедонски симбол во сите делови на Македонија и во светот! Шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа не е дел од културата и историјата на Грција, туку претставува неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од културното и историското наследство на Македонскиот народ во целина!

Македонците во светот ги предупредуваат Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија, дека името Македонија, етнонимот Македонци и Македонскиот јазик не се сопственост на било која Влада или партија на власт во Република Македонија, туку нераскинливо, неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено право на Македонците во сите делови на Македонија и во светот!

Македонците во светот ги предупредуваат Министерството за надворешни работи и Владата на Република Македонија, дека разговорите со Владата во Атина за промена на државното име Македонија претставуваат најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонците во сите делови на Македонија и во светот, флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право, и злосторство против човештвото што не застарува!

Македонците во светот отфрлаат пристапување на Република Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Атина за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина!

Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонците во светот, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија склучен на 1 август 2017 година во Скопје, го сметаат за велепредавство на нацијата и државата и ја отфрлаат неговата ратификација! За Македонците во светот, овој Договор засекогаш ќе биде неважечки и ништожен, бидејќи Македонија не е дел од Бугарија, Македонците не се Бугари, а Македонскиот јазик не е дијалект на бугарскиот јазик!

Македонците во светот, истовремено, бараат безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат!

Македонците во светот бараат Претседателот на Република Македонија веднаш:  Да упати нота до Генералниот Секретар на Обединетите Нации дека за Македонија разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина се завршени, и да предложи Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија!

Advertisement