Светскиот Македонски Конгрес најостро ги осудува активностите на бугарската амбасадорка во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува активностите на бугарската амбасадорка во Албанија, Адела Пашкова при нејзината неодамнешна средба со градоначалникот на општина Кукс, Башким Шеху со цел “афирмација на културните права на бугарското малцинство во Албанија“, меѓу Македонците во областа Гора, Северна Албанија!

СМК повторува дека Бугари во Албанија, како и во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора, НЕМА!

СМК упатува најостри критики кон официјална Софија, која продолжува со агресивната антимакедонска политика и декларацијата за Македонците во Македонија и во светот како Бугари, влошувајќи ги добрососедските односи во целина!

СМК потсетува дека на целата територија на Република Албанија, и посебно во регионите Преспа, Голо Брдо и Гора не живеат “Бугари“, туку само Македонци, Македонците во Албанија не се “Бугари“!

СМК од Македонската Влада бара остар демарш до Брисел и Софија за антимакедонската политика и преименувањето на Македонците во Албанија за “Бугари“!

СМК, антимакедонизмот на Софија го смета за груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите Нации, за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото!

СМК апелира до Брисел за активни мерки против денационализаторската политика што веќе неколку години организирано ја води Софија со незаконско издавање на бугарски државјанства на Македонците во Албанија и во Македонија, со услов писмена декларација за “бугарско потекло“, иако Македонците се изложени на тој ризик заради емиграција во западно-европските земји од социо-економски причини, а не заради живот во Бугарија како “Бугари“.

СМК најостро ја осудува агресивната асимилаторска агитација на Софија во изминатите неколку години меѓу Македонците во пограничните делови на Албанија со Македонија, нудејќи им секаква помош и бугарски пасоши на Македонците да се изјаснат како “Бугари“.

СМК го осудува и индолентното однесување на Македонската Влада како системска негрижа за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, со што ја овозможува срамната асимилација на Македонците во “Бугари“!

СМК изразува жалење што испразнетото амбасадорско место и натаму е непополнето а функцијата вршител на амбасада ја врши службеничка на Амбасадата.