
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува пропагандата на Министерството за надворешни работи на Бугарија кон Македонците во областа Гора, и во цела Албанија, како Бугари.
За жал, злоупотребена е донацијата преку бугарската амбасада во Тирана, минибус подарен на друштвото “Наша Гора“ за превоз на учениците од планинското село Борjе до гимназијата во селото Шиштеец до градот Кукс.
СМК го поздравува хуманизмот, но за неприфатлива ја смета неговата злоупотреба: Македонците во областа Гора на северот на Албанија да ги прикаже како Бугари.
СМК повторува, дека Македонците во Албанија не се Бугари, никогаш не биле, ниту ќе бидат, независно од издавањето бугарски пасоши и испраќањето хуманитарна помош.
СМК бара Македонската влада да демонстрира грижа и да ги заштити идентитетот и историското и културното наследство на Македонците во Албанија
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden