Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на 29. Генерално Собрание донесе Резолуција за Македонците во Косово

На 10 август 2019 година, сабота, во Скопје се одржи 29. Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК). 29. Генерално Собрание донесе Резолуција за Македонците во Република Косово.

РЕЗОЛУЦИЈА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО РЕПУБЛИКА КОСОВО

(1) Упатуваме целосна поддршка за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Косово – во областа Гора, областа Призренска Жупа, Приштина и други населени места во Косово.

(2) Ја осудуваме антимакедонската пропаганда на Софија за денационализација и асимилација на Македонците на Косово во “Бугари“, засилена со велепредавството со Договорот Заев-Борисов за ревизија на македонската историја.

(3) Македонците во Република Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ!

(4) Апелираме Владата на Република Македонија да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Косово.

(5) Бараме унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Косово, врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи.

(6) Бараме Владата на Република Косово:

(6.1) да дозволи регистрација на здруженија и партии на Македонците во Република Косово,

(6.2) да овозможи попишување на Македонците во посебна графа на пописниците,

(6.3) да дава државна помош за зачувување и развој на македонската култура и идентитет, и

(6.4) да овозможи изучување на македонската историја и Македонскиот јазик во училиштата.

(7) Бараме Владата на Република Македонија да одобри македонско државјанство за Македонците во Република Косово.

(8) Поддржуваме формирање Македонска партија на Косово.

(9) Иницираме формирање Македонска православна заедница во Косово со седиште во Призрен.

(10) Иницираме формирање Македонска заедница на Косово.

(11) Оваа Резолуција влегува во сила со нејзиното донесување.

(12) Оваа Резолуција се објавува во “Службен весник на Светскиот Македонски Конгрес“.

(13) Оваа Резолуција се доставува до: Собранието, Претседателот и Владата на Република Македонија; Претседателот, Собранието и Владата на Република Албанија; архивата и членките на Светскиот Македонски Конгрес.