На донаторската конференција организирана од турската влада со учество на држави од исламската конференција, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган посветил повеќе од половина од својот говор на апелирање да и се помогне на Албанија во санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес, јави тиранската телевизија Топ чанел. Во екслузивна изјава за телевизијата, претседателот Ердоган кажува кога ќе бидат изградени 500-те домови ...
Read More »Tag Archives: Албанија
Албанија го презеде претседавањето со ОБСЕ
Албанија вчера и официјално го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2020 година. Од Братислава, премиерот и воедно министер за Европа и надворешни работи Еди Рама, ова го оцени како историски чекор за неговата земја. Додаде дека во прв ред голема е одговорноста да се предводи оваа меѓународна организација, но и извонредна можност да се направи Албанија да заблеска на чело на ...
Read More »Земјотресот во Албанија уништил 5.497 домови, 3.135 лица се раселени
Заменик-министерката за внатрешни работи на Албанија, Ровена Вода, соопшти денеска дека 3.135 граѓани се евакуирани, а 5.497 домови се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес во земјата. Како што кажа таа, ова се најновите податоци за штетата предизвикана од земјотресот, собрани од инспекторите во погодените места. Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени центри и простории за вонредни ситуации. ...
Read More »Нов албански главен државен обвинител Олсиан Чела
Албанскиот парламент попладнево со 101 глас „за“ за нов главен државен обвинител го избра Олсиан Чела, со мандат од седум годни. Тој на ова функција ќе ја замени Арта Марку, која како вршител на должноста беше поставена пред две години, само со гласовите на владејачката Социјалистичка партија, откако тогашниот Адриатик Лала, поднесе оставка поради сомненија за вмешаност во корупција. Таа ...
Read More »Албанскиот парламент денеска избира главен државен обвинител
Албанскиот Парламент се очекува денеска на пленарна седница да избере нов главен државен обвинител. Високиот совет на обвинтелството од повеќето кандидати кои аплицираа за оваа функција а кои претходно го минаа ветингот, на законодавниот дом му предлага тројца кандидати според овој редослед: Олсиан Чела, Арта Марку и Фатјона Мемчај. Според законот, новиот прв човек на државното обвинителство се избира со ...
Read More »Европската Комисија ќе додели 15 милиони евра помош за Албанија
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската Комисија одлуила да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември. Како што јави тиранската телевизја Топ чанел, таа додала дека Европската Унија се солидаризирала со ситуацијата не само со зборови туку и со конкретна финансиска помош. ...
Read More »Албанија: Од досегашната проценка 1.183 урнати обејкти, 558 стамбени згради со големи оштетувања
Се прошири мапата на оштетувања,како и на погодените области, од катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото, на 26 минатиот месец. Последните податови од досега звршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти,главно индивидуални куќи,повеќе стамбени згради и хотели,додека 558 стамбени згради се со големи оштетувања. Што се однесува до погодените околии, освен Драч, Тирана и Лежа се и ...
Read More »Рама на Самитот во Лондон ќе бара помош од члeнките на НАТО
Албанскиот премиер Еди Рама рече дека ќе замине на Самитот на НАТО во Лондон за да побара финансиска и техничка помош од земјите-членки за справување со последиците од земјотресот. Во земјотресот што ја погоди земјата на 26 ноември, загинаа 52 лица, стотици беа повредени, а материјалната штета е огромна. Тој додаде дека системот за координација на помошта е целосно под ...
Read More »Бројот на жртвите од земјотресот во Албанија се искачи на 52 лица
Бројот на жртвите во катастрофалниот земјотрес во Албанија се искачи на 52 лица, станува збор за Фиќерете Лала (64), член на семејството Лала, со што бројката на загинати од ова семејство се искачи на девет. Според Ора њуз Фиќерете преживеала инфаркт по трагедијата на семејството по што била хоспитализирана во Воената болница во Тирана. Семејството Лала живееше во Туман, кај ...
Read More »Во Албанија за пет дена регистрирани 1.300 земјотреси
Од утрото на 26 ноември кога во Албанија беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала до денеска регистрирани се 1.300 помали земјотреси во Драч и другите делови на земјата,изјави албанскиот сеизмолог Рапо Ормени. Тој додаде дека тоа е нормален процес потребен за ослободување на енергија по главниот потрес. Луѓето треба да се навикнат на земјотреси ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden