Во Инфективната клиника во Тирана попладнево од Ковид-19 почина професор доктор Арјан Пуши, познат хематолог, со бројни научни трудови. По заболувањто од опасниот вирус бил хоспитализиран во Клиниката, а последните денови видно му се влошила состојбата и бил интубиран. Министерството за здравство и социјална заштита изрази длабоко сочувство до семејството на Пуши, кој е прва жртва меѓу албанските бели мантили ...
Read More »Tag Archives: Албанија
Американски грант за санирање на оштетувањата на значајни објекти од културата во Албанија
Со американски пари ќе се санираат оштетувањата на неколку објекти со културно – историска вредност, погодени од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26 ноември минатата година. Станува збор за грант во износ од 800.000 долари со кои ќе бидат опфтени неколку објекти во Круја, Драч и Преза, месатата што претрпеа големи оштетувања од земјотресот. Американската амбасадорка, Јури Ким ...
Read More »Во Албанија денеска завршува вонредната состојба
Во Албанија денеска на полноќ завршува вонредната состојба поради „природна непогода“ прогласена заради пандемијата со Ковид-19. Во директната комуникација преку Фејсбук, министерката Огерта Манастирлиу рече дека завршувањето на вонредната состојбата нема да ја намали подготвеноста во справувањето со опасниот вирус, бидејќи „земјата продолжува да биде во состојба на епидемија“. Доколку има зголемување на случаите на интензивна терапија, повторно ќе ја ...
Read More »Во Албанија расте бројот на новозаразени и хоспитализирани лица со Ковид-19
Новозаразени 71, оздравени осум, починато едно лице, зголемен број на хоспитализирани е билансот за епидемиолошката состојба во последното деноноќие во Албанија. Од направените 327 тестови на сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 71 од нив, главно нови случаи. Најголемиот број од нив или 31 се во Тирана, која и понатаму останува главно жариште на болеста со вкупно 361 заразен. ...
Read More »Информации за движењето на странските државјани за влез во Албанија
Во Република Албанија е олеснето движењето на странските и албанските државјани кои остваруваат влез во државата. Според последните мерки: – Отворени се границите – Не е потребно одобрение за влез – Не е потребен ПЦР тест – Не е потребен карантин – Не е потребна самоизолација
Read More »Дополнителни 15 услови за Албанија пред почетокот на преговорите
Во време кога се очекуваше ЕУ да ја финализира преговарачката рамка за Албанија, Европскиот парламент даде 15 дополнителни услови што Албанија мора да ги исполни пред да започнат преговорите за членство. Амандманот што го поднесе групата на Европски народни партии со 15 услови беше одобрен со 388 гласа „за“, 280 беа „против“ а 19 беа„воздржани“. 15-те услови што ги предложија ...
Read More »Протест на претставниците на јавниот превоз во Албанија
Претставниците на јавниот превоз денеска протестираа пред Министерството за инфарструктура и енергетика во Тирана. Тие бараат да почнат со работа или Владата да им ги подмири сметките за вода, струја,кредитите и другите давачки. Само сакаме работа, но јавниот сообраќај не се воспоставува, затоа нека ни платат. Треба да платиме кирија, електрична енергија, вода, кредит. Владата не ни ги исполнува барањата. ...
Read More »Албанија: Заглави изборната реформа
Изборната реформа, што е една од 15-те услови што Албанија треба да ги исполни за почеток на преговорите со Европска Унија повторно „заглави“ поради несогласувањата на членовите на Политичкиот совет за тендерот за биометриска идентификација и изборот на членовите на Централната изборна комисија (ЦИК). Поради тоа Политичкиот совет не може да го финализира конечниот текст на нацрт изборниот законик, во ...
Read More »Албанската агенција за разузнавање: Има зајакнување на криминални групи во Албанија
Албанската агенција за разузнавање, ШИШ го објави својот извештајот за минатата година околу состојбата со криминалот во земјата и факторите кои ја загрозуваат националната безбедност. Меѓу другото, оваа институција го истакнува зајакнувањето на албанските криминални групи, особено во трговијата со дрога. Исто така се наведува дека организираниот криминал, корупцијата, активноста на службите кои не се пријателски настроени и насилниот екстремизам ...
Read More »Во Албанија се пролонгира повторното воспоставување на јавниот превоз поради зголемниот број со Ковид-19
Техничкиот комитет на експерти на Албанија соопшти дека се пролонгира планираното отпочнување со работа на јавниот превоз в понеделник, поради трендот на зголемување на новозаразени со Ковид-19. Техничкиот комитет со кој раководи професор доктор Мира Ракацоли, одлуката ја донесе по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба, што е оценета како стабилна, но за поголема сигурност, оваа најавена мерка се одлага, бидејќи ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden