Tag Archives: Албанија

Промовирани возила и специјализирана опрема за спасување во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро oд програмата ИПА2 меѓу Македонија и Албанија 

Специјализирана опрема за спасување во зимски услови и возила добија Црвен крст – Охрид, општините Дебрца и Грамш и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ преку проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На промоцијата денеска во Охрид присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, евроамбасадорот Дејвид Гир, ...

Read More »

Уставниот суд на Албанија по три години ќе одржи седница

На крајот на минатиот месец избрани беа шест нови членови и со Туша станаа седум, со што се обезбеди потребниот квору за одржување на седници. Седуммината уставни судии разгледуваат барања за испитување на одредени одлуки на судските инстанци што се сметаат за приоритетни. Седницата се одржува без прсуство на странките, а се расправа само врз основа на документи. Постојат 25 ...

Read More »

Албанските граѓани во Србија патуваат само со лични карти

Албанското министерство за Европа и надворешни работи денеска соопшти дека стапил во сила договорот меѓу албанската и српската влада за слободно движење на граѓаните. Според официјалното соопштение, на албанските граѓани сега им е потребна само лична карта за влез во Србија, а истото важи и за српските граѓани во Албанија. Сега, за сите албански државјани кои патуваат во Србија, освен ...

Read More »

Во Албанија продолжува полицискот час и забраната за летови со Велика Британија

Националниот комитет на експерти за справување со пандемијата со Ковид-19, по анализата на состојбата во последните две недели, одлучи да остане во сила одлуката за полицискиот час, што секоја ноќ трае од 22 до 6 часот. Полцискиот час, што беше воведен на 11 ноември, продолжува, бидејќи од направената анализа се гледа дека има зголемување на новозарзените, што е последица на ...

Read More »

Амбасадорката Ким побара од ЦИК мерки за спречување купување и манипулација со изборните гласови 

На 100 дена од парламентарни избори во Албанија, закажани за 25 април, американската амбасадорка Јури Ким,побара од Централната изборна комисија, (ЦИК) да ги превземе сите мерки и активности да се спречи купување и манипулација со гласовите. ЦИК треба да ги преземе сите можни мерки, не само за да се овозможи кривично гонење на непочитувањата, туку прво да се спречат тие ...

Read More »

Утре започнува вакцинацијата против ковид-19 во Албанија

Иако најпрвин беше најавено дека првите дози од вакцината ќе пристигнат на крајот од месец јануари, сепак премиерот на Албанија Еди Рама на својот Фејсбук профил објави дека утре започнува вакцинацијата против ковид-19 во Албанија.

Read More »

Албанија: Поплави најкритично во северниот дел

Обилните дождови кои веќе два дена паѓаат во Албанија предизвикале поплави кои направиле големи проблеми во Скадар, Лежа, Ѓирокастро, Елбасан, Драч. Во Драч се излеале реките Езен и Ишем и ги поплавиле каналите, земјоделските површини, куќите, патиштата и продавниците. Во Лежa дошло до одрон поради што неколку семејства биле евакуирани, а оштетени се и некои патишта, реката Дрим се излеала ...

Read More »

Во Албанија 447 новозаразени со Ковид-19

По падот на бројот на новозаразени во изминатте два дена, во Албанија во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 447 лица. Според Министертвото за здравстсво и социјална заштита процентот на заразени е над 19 отсто од направените 2.309 тестови. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени внесени се 295 или 34.648 од вкупно заразените 59.438. Трендот на починати ...

Read More »

Олта Џачка нов албански министер за Европа и надворешни работи, Нико Пелеши за одбрана

По оставката на овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, нови промени во кабинетот на премиерот Еди Рама. Како што самиот информираше преку објава на Твитер, на местото на Цакај, доаѓа Олта Џачка, актуелен министер за одбрана а на тоа место ја заменува Нико Полеши. Исто така, во објавата Рама му се заблагодарува на Цакај, кој, како наведува, ...

Read More »

Во Албанија 499 новозаразени и 10 починати од Ковид-19

Во последното деноноќие во Албанија забележан е раст на новозаразени со Ковид-19, а починале 10 пациенти од 55 до 80-годишна возраст, меѓу нив и доктор невролог Сали Бачо. Од направените 2.165 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 499 што е 23 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 384, додека починаа 10 пациенти. Моментно во ковид болниците ...

Read More »