Tag Archives: Албанија

Во Албанија петта жртва од коронавирус, со 19 ново заразените вкупната бројка 123 

Во Албанија денеска регистрирана е петтата жртва од коронаврус а ново дијагностицирани се 19 случаи од 74 тестирани лица. Почнатиот е 49 годишен жител на Тирана кој пред 13 дена бил хоспитализиран во Инфективната клиника а 10 дена бил на интензивна терапија. Боледувал и од дијабет. До денес тестирани се 930 сомнителни лица при што потврдени позитивни со„Ковид-19“ се 123 ...

Read More »

EУ донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија

Еврoпската Унија донесе одлука за почеток на преговорите со Македонија и Албанија. Веста на „Твитер“ ја соопшти еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. „Задоволен сум што земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Македонија. Им честитам на двете земји. Со ова е испратена силна порака за Западен Балкан: вашата иднина е во ЕУ“, напиша Вархеји.

Read More »

Мета го свикува Националниот совет за безбедност

Претседателот Илир Мета ќе го свика Националнот совет за безбедност,на која ќе стане збор за состојбата со коронавирусот и мерките на Владата. На средбата ќе биде поканет и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша. „Во рок од два дена ќе го свикам Советот за национална безбедност и ќе го поканам и шефот на опозицијата, Љуљзим Баша, да биде ...

Read More »

Рама: Ве молам како Христос и Мухамед не играјте си со оган

Премиерот Еди Рама продолжува да ги повикува граѓаните строго да ги почитуваат препораките кои се однесуваат на забраната за движење и да не ги кршат утврдените часови за тоа. Во објавата на Фејсбук, Рама вели дека бројот на заразени лица ќе се зголеми. „Денес бројот на позитивните се зголеми! Сепак во рамките на прогнозата, слава му на Бога и ќе ...

Read More »

Во Албанија 15 нови случаи со коронаврус вкупно 104

Со нoви потврдените 15 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 104, од вкупно тестираните 856 лица. Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу потврди дека мапата за изложеност на коронавирус е проширена и ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките на надлежните. Само во последните 24 часа потврдени се 15 ...

Read More »

Во Албанија пета жртва од ковид-19

Министерство за здравство утрово соопшти дека поради компликации предизвикани од Ковид-19 починал 61-годишен маж. Пациентот починал во болница во Тирана, каде што бил сместен пред една недела, и имал напреден карцином на белите дробови покрај коронавирусот. Во Албанија 90 луѓе се заразени со новиот коронавирус, тројца се излекувани и пет се починати.

Read More »

Во Албанија 13 нови случаи со коронаврус вкупно 89

Со ново потврдените 13 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 89, од вкупно тестираните 804 лица. До сега тројца од заразените се излечени, додека двајца почнаа. Според директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо, во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 43 лица. Во последните 24 часа тестирани се 33 ...

Read More »

Бектешите верници го слават Денот на Султан Невруз

Бектешите во Албанија и во светот денеска го слават денот на Султан Невруз. На овој ден се слави роденденот на имамот Али позната како ден на Султан Невруз, секој ден каде сите живи суштества му служат на Бога и љубов лица се присоедини кон Господ, мир и добрина. Султан Невруз познат како Денот на благородништвото кај Бектешите. Според традицијата, верниците ...

Read More »

Рама: По секоја цена треба да избегнеме хуманитарна катастрофа како во Италија

Премиерот Еди Рама на својот профил на Фејсбук објави фотографии од Италија на кои се прикажува конвој на воени камиони кои превезуваат жртви предизвикани од коронавирусот, испраќајќи силна порака до албанските граѓани дека треба строго да ги почитуваат владините мерки. Додава дека двете најпогодени области во северниот дел на Италија презеле мерки со задоцнување кога „непријателот“ напредувал, поради што и ...

Read More »