Tag Archives: Економија

Премиерот на Македонија освори средба со четириесет бизнисмени од Стопанската комора на Тирана

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружен од заменикот на претседател задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Бардул Даути, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и советничката за земјоделство на, ...

Read More »

Европа: Германија на праг на рецесија

Германските фабрички нарачки во декември се намалија за 1,6 отсто поради слабата побарувачка од странство, покажуваат најновите податоци. Тоа е многу полошо отколку растот од 0,3 проценти, кој го очекуваа економистите, и падот од 0,2 отсто во ноември минатата година. На годишно ниво, нарачките беа за седум проценти пониски отколку во декември 2017 година, што претставува најголем пад од 2012 година. Таквиот лош ...

Read More »

Еврозона: Италија влезе во рецесија 

Италијанската економија е во рецесија во последните три месеци од 2018-та година, покажале официјалните информации објавени денеска. Бруто домашниот производ на Италија, третата по големина економија на еврозоната и членка на Г7, паднал во четвртиот квартал од 2018-та година за 0,2 отсто во однос на претхдниот квартал, соопштила денеска италијанската канцеларија за статистика.Тоа значи дека после паѓањето на БДП од ...

Read More »

Делегација од Владата на Република Македонија на посета на стопанственици во Албанија

Делегација од Владата на Македонија, предводена од министерот за странски инвестиции, Бардул Даути, советничката за земјоделство на Претседателот на Владата, Ленче Николовска и советникот во кабинетот на министерот за земјоделство, Никица Бачовски, неодамна беа во Тирана, на средби со стопанственици од Албанија. Целта на посетата беше развивање на соработка меѓу двете држави во областа на бизнисот и земјоделското производство. Се ...

Read More »

Македонската „Комерцијална банка“ го превзеде капиталот на Тирана Банк

Македонската „Комерцијална банка“ го превзеде капиталот на Тирана Банк, најмоќната банка во Албанија. Превземањето беше со помош на компанијата Балфин груп, која инвестира во речиси сите земји во регионот, како и во Австрија и Велика Британија. Досега сопственик на Тирана Банк беше грчката Пиреус, со која веќе е потпишан договорот за превземање, односно за предавање на капиталот.

Read More »

Македонија и Иран ќе ја продлабочуваат трговската соработка

Стопанствениците од Иран ја гледаат Македонија како порта за влез во регионот и другите земји од Европа. Од друга страна Иран со својата географска положба и поминувањето на главните светски трговски копнени и морски патишта низ земјата или во нејзина близина, како и копнените и водните граници со 15 земји нуди големи можности за македонските компании. Ова, на денешниот бизнис форум ...

Read More »

Дијаспората праќа пари, а не вложува

Зошто нашите иселеници, иако редовно им помагаат на своите роднини во Македонија, избегнуваат да инвестираат во татковината? За 15 години од дијаспората пристигнале 25 милијарди евра што во главно се за потрошувачка. Трансферите од странство години наназад се повисоки од странските инвестиции. Минатата година гастербајтерите во татковината пратиле околу 1,2 милијарди евра, додека странските инвеститори вложиле помалку од милијарда евра. ...

Read More »

Македонска берза со пораст 56,7 % во 2017

  Македонска берза го објави годишен билтен според кој прометот остварен за 2017 година изнесува 4.738.444.919 денари или 56,7% повеќе во однос на 2016 година кога изнесувал 3.023.394.172 денари. Класичното тргување опфаќа најголем дел од прометот, односно 2.907.809.921 денари, потоа блок трансакциите 1.817.744.356 денари и јавните берзански аукции 12.890.642 денари. Според податоците бројот на трансакциите изнесувал 16.045 што е за ...

Read More »

Намалена економската доверба во еврозоната

Центарот за европски економски истражувања на еврозоната (ZEW) соопшти дека во декември се намали Индексот на економска доверба за 29 поени.Според соопштението кое беше објавено од страна на анкетната агенција ZEW со седиште во германскиот град Манхајм, индексот на економска доверба ZEW со кој се мери довербата на институционалните инвеститори и аналитичари во економијата, во декември во еврозоната во споредба ...

Read More »

Трговијата меѓу Македонија и Русија расте

Вкупниот обем на стоковната размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација до крајот на септември годинава достигнала 157, 2 милиони САД долари и бележи раст од 21,3 отсто. Минатата година во истиот овој период вкупната размена изнесувала 129,5 милиони САД долари. Македонските компании во деветте месеци од годинава пласирале стока на пазарот на Руската Федерација во висина од 36,9 милиони ...

Read More »