Tag Archives: Етничките Македонци во Албанија.

Божиќно-новогодишна честитка на македонски јазик на албанската државна телевизија 

На албанската државна телевизија емитувана е честитка на македонски и на јазиците на другите етнички заедници по повод Божик и Нова година. Честитката на македонски јазик, ја упати Илче Костофски, кој ја подготвува емисијата на македонски јазик, што се емитува на вториот канал на телевизијата. Честити божиќни празници и среќна Нова година, со желби за добро здравје, среќа, спокојство и ...

Read More »

Стерјовски се избори за потребните средства за изградба на водовод во областа Мала Преспа (ВИДЕО)

Васил Стерјовски, пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент успеа да излобира албанската Влада да издвои средства за изградба на водоводна мрежа во Општината Пустец. Во ноември Стерјовски на пленарна седница на Парламентот изјави дека Општината Пустец е единствена општина за која албанската Влада со буџетот за 2021 не планира никаква инвестиција. Стерјовски денеска од собраниската ...

Read More »

Стерјовски поднесе барање до министерот за Европа и надворешни работи за граничниот премин Требиште -Џепиште и граничниот премин Церје

Вчера до албанското Собрание Васил Стерјовски, пратеник во албанскиот Парламент подне барање за интерпелација на министерот за Европа и надворешни работи. Тој бара објаснување зошто не се спроведе одлуката на Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија, кои на заедничкиот состанок одржан во Подградец на 15 декември 2017 година се договорија за 24-часовно работење на заедничкиот граничен премин ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле-Маќеларе кај црквата Св.Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќеларе, Албанија кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2020 година. Сите сте добредојдени.

Read More »

Стерјовски побара институционална грижа и за припадниците на малцинствата кои се дел од албанската дијаспора 

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, денеска побара од Владата и министертсвото за дијаспора институционално да се грижат и да ги вклучат во своите активности припадниците на малцинствата кои се дел од албанската дијаспора. Ја охрабруваме Владата, министерството за дијаспора, како и агенциите кои се занимаваат со дијаспората, институционално да се грижат и ...

Read More »

Стерјовски и забалежа на Владата на Рама за незинтересираноста за пополнување на испразнетото место што и припаѓа на македонската заедница 

Пратеникот од Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент, Васил Стерјовски на денешната пленарна седница на законодавниот дом во Тирана, искажа незадоволство од незаинтересираноста на Владата да го пополни местото во Комитет за национални малцинства, со претставник од македонската заедница, повеќе од година и пол. Во ноември 2018 година, членот на македонската заедница го напушти овој комитет и ...

Read More »

Македонците во Албанија бараат и дијаспората да може да гласа

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски се заглага за што поскоро донесување на изборнит закон во Албанија. Покрај моето барање, ние уште бараме Албанија да биде една изборна единица, да има отворени листи, да гласа и дијаспората, да се деполитизираат изборните комисии и одбори, да се обезбеди електронско броење на ...

Read More »

Македонците во Албанија го прославија Св.Јован Владимир (ВИДЕО – ФОТО)

Во селото Шиjон, во Елбасан се прослави денот на Св.Јован Владимир, така секоја година на 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Св.Јован Бладимир. Св. Јован Владимир бил убиен на 22. мај 1016 година во Преспа и погребан бил во манастирот пред ...

Read More »

Во црквата Свети.Никола во село Стеблево областа Голо Брдо ќе се одбележаа празникот Свети.Ѓорѓи – Ѓурѓовден

На 6 мај 2020 година со почеток во 9 часот, во црква Свети Никола во село Стеблево, областа Голо Брдо ќе се одбележи големиот христијанки празник Свети Ѓорѓи – Ѓурѓовден. Богослужба ќе одржи свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква. Во селото Стеблево живеат Македонци. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во народот познат како Свети Ѓорѓија живеел и ...

Read More »

За настраданите од земјотресот градоначалникот на Пустец ја донира ноемврската плата, средства издвои и црквата

Општина Пустец продолжува со солидарноста и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Православната црква на општина Пустец донираше 100.000 лека за настраданите семејства а финасиски средства собрани се и од прилози на жителите кои ќе бидат уплатени на посебните сметки отворени за таа цел, информираа од општината. Од таму додаваат дека градоначалникот на Пустец, Поли Колефски за настраданите ...

Read More »