Tag Archives: Голо Брдо

Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара интернационаланите изводи од матична книга да бидат и на македонски јазик

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационаланите изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа ...

Read More »

Македонско културно лето 2017 во Албанија

Со претставата „Маша и нејзината волшебна приказна“ на театарот Крик од Скопје, вечер во Мала Преспа, Република Албанија, почнува јубилејното 10. Македонско културно лето што го организира Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ со седиште во Скопје. Фестивалот ќе трае до 31 јули, а продолжува утре со „Гига мега бајка“ на скопскиот Театар за деца и младинци. Посетителите ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама, митинг на Форумот на жените во Корча, минимизирајќи го бројот на Македонците во Албанија. Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека Македонците не живеат само во општината ...

Read More »

Одбележан денот на писменоста и просветата во Албанија

Вчера општина Пустец го одбележа Денот на писменоста и просветата во Долна Горица, со историски час и рецитации за светите солунски браќа рамноапостолите Кирил и Методиј Македонците. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, а за ликот и делото на македонските и сесловенските просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј Македонците, зборуваше писателот Спасе Мазенковски. Песни за Светите ...

Read More »

Силен земјотрес со епицентарот во близина на областа Голо Брдо

Според податоците на Европско- медитеранскиот сеизмолошки центар,во 12.30 часот регистриран е силен земјотрес во Албанија, кој беше почувствуван и во Македонија. Земјотресот со јачина од 4.4 степени е регистриран во Булќиза во близина на областа Голо Брдо, на длабочина од 10 километри. Во 12.16 часот регистриран е уште еден земјотрес со јачина од 2.8 степени со длабочина од 2 километри.

Read More »

Ден на солунските браќа Кирил и Методиј, денот на сеславјанските просветители

  Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заенички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите. Во почетокот Црквата одделно го празнувала ...

Read More »

Се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2017 година”

Во село Големо Острени областа Голо Брдо се одржа традиционалниот куп во борење “Голо Брдо 2017 година”. Настанот беше поддржан од страна на Општина Булќиза во тесна соработка со Здружението за борење Голо Брдо и Албанска Федерација за борење. Манифестацијата помина во прекрасна атмосфера со традиционални песни и ора од областа Голо Брдо беа доделени почесен сертификати за ветераните борачи. ...

Read More »

Ден на Националниот парк Шебеник – Јабланица

На 21 мај во близина на езерото во Студен, Стеблево областа Голо Брдо ќе се одржи ден на Националниот парк  Шебеник – Јабланица, кој исто така е  9-ти роденден на овој прекрасен национален парк.  Заедно да уживаме во оваа празнична атмосфера со традиционални ора, традиционални јадења од прекрасната македонска кујна, ке има и посета во инфо центарот на паркот.

Read More »

Годишната Македонска средба во Горно Крчиште ке се одржи на 27 мај 2017

  На 27 мај 2017 година, сабота, со почеток во 9 часот, во село Горно Крчиште – Полени -Маќелара, Република Албанија, ќе се одржи годишната Македонска средба по повод големиот Христиански празник Спасовден кај црквата Св.Спас која датира од 1232 година и е споменик на културата, каде ке има богослужба на македонски јазик. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги кани сите добронамерници, сите ...

Read More »

Македонците во обаста Голо Брдо го одбележаа празникот Ѓурѓовден

Неделава што измина Македонците во обаста Голо Брдо, во Албанија, со голем македонски собир го одбележаа празникот Ѓурѓовден. Македонските песни и ора беа декор на семакедонскиот собир што се одржа во село Стеблево.

Read More »