Одбележан денот на писменоста и просветата во Албанија

Вчера општина Пустец го одбележа Денот на писменоста и просветата во Долна Горица, со историски час и рецитации за светите солунски браќа рамноапостолите Кирил и Методиј Македонците. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, а за ликот и делото на македонските и сесловенските просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј Македонците, зборуваше писателот Спасе Мазенковски. Песни за Светите Кирил и Методиј рецитираа ученици од основните училишта во општината и гимназијата во Пустец.

Advertisement