Tag Archives: корча

Земјотрес со јачината 3,7 степени со епицентар близу Корча

Земјотресни потреси беа почувствувани во Албанија во среда навечер. Според достапните информации, земјотресот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на околу 12 километри југоисточно од градот Корча. Потресот се случил на длабочина од 9 километри. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Read More »

Ќе се гради ски-центар во Корча

Премиерот Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија. Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од ...

Read More »

Во Корча ќе се оддржат денови на Македонската култура

Во организација на Македонската Амбасада во Тирана и Културно-информативен центар на Македонија во Тирана од 27 до 29 октомври 2022 година во Корча ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“. Според програмата во текот на трите дена ќе бидат организирани изложби, проекција на филм и музички настап, а ќе биде организирано и предавања за македонски јазик на Универзитетот “Фан Ноли”.

Read More »

Стерјовски е учесник на Академијата за човекови права и малцинства во Воскополе

Стерјовски е учесник на Академијата за човекови права и малцинства во Воскополе, која се одржува од 22-27 август 2019 година во село Воскополе, Корча, организирана од Албанската група за човекови права (АХРГ). На Академијата свое предавање одржа и м-р Васил Стерјовски кој пред присутните студенти на Академијата одржав предавање за положбата и правата на Македонската заедница во Албанија. Оваа година, на ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со Ана Веруши преседателка на Советот на округот Корча

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска во просторите на Округот Корча оствари средба со Ана Веруши преседателка на Советот на округот Корча, на средбата беше присутен и Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). На средбата се разговара за можностите за меѓурегионалната соработка меѓу Македонија и Албанија во области како што се: економија, земјоделство, социјална ...

Read More »

Струмичкиот карневал учестуваше на меѓународниот карневалски фестивал во Корча

Со ова гостување бележат уште едно успешно претставување на вредностите и традициите на Струмичкиот карневал во странство, како прво такво патување во услови на Ковид пандемија. Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули успешно претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-театар “Андон Зако Чајупи” од Корча, 20 струмички карневалисти од групите на ...

Read More »

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди Албанија, а земјотресот бил почувствуван и во Скопје, Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Потресот бил регистриран во 06 часот и 25 минути со епицентар 175 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија Според досегашните податоци земјотресот во Охрид, Струга, Битола, Ресен и околината ...

Read More »

Серија земјотреси во Албанија, најсилниот во Корча

Серија земјотреси се регистрирани попладнево во Албанија, од кои најсилниот со јачина од 4,4 степени бил со епицентар во Корча, на длабочина од 10 километри. Нема информации за повредени лица. По овој следуваале уште четири земјотреси со послаб интензитет. На подрачјето на Корча на први јуни годинава регистриран беше потрес со јачина од 4,9 степени, што предизвика материјални штети и ...

Read More »

Градоначалникот на Крушево освари средба со градоначалникот на Корча

На 24.04.2019 во просториите на општина Корча, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, вработени во општината, претставници од невладината организација Алка одржаа работна средба со градоначалникот на Корча Сотираќ Фило и претставници од општината. Тема на средбата беше соработка и изработка на проект на програмата за меѓугранична соработка преку ИПА 2 програмата на ЕУ. При посетата на Корча градоначалникот на ...

Read More »