Tag Archives: Култура

Претседателот на Македонија ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ја одликува Националната установа Македонска опера и балет со Орден за заслуги за Македонија. Орденот се доделува по повод 70 години од основањето на Македонската опера и балет, а особено за успешното презентирање и промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност, со што даде исклучителен придонес ...

Read More »

Интернационален фестивал на монодрама во Битола

  Интернационален фестивал на монодрама во Битола, завршува вечерва со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“. На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учество зедоа монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија. Наградата Гран-при вечерва ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се:актерот и ...

Read More »

Македонски културни денови во Данска

Со цел чување и негување на македонските културни, традиционални и историски вредности како и зајакнување на комуникацијата помеѓу македонските иселеници во Кралство Данска и Република Македонија, во организација на Групата за промоција на македонските вредности во Кралство Данска предводена од г-ѓа. Силвана Миленкова и г-дин. Пеце Димитријевски во периодот од 05 – 08.05.2017 година беше организирана културна Манифестација ,,Македонски културни ...

Read More »

Македонска поезија во Хрватска и Словенија

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски и Љубинка Донева ќе настапат со поезија од своето творештво на три книжевни средби „Поетски импулси“ во Хрватска и Словенија. Средбите од денеска до 29 април ќе се одржат во Вараждин, Загреб и Марибор.

Read More »

Битолскиот Народен театар со „Шекспир засекогаш“ гостува во Санкт Петербург

Во театарот „Вера Комисаржевскаја“ во Санкт Петербург вечерва, 17 април, ансамблот на Народниот театар-Битола ќе го изведе музичко-сценскиот перформанс „Шекспир засекогаш“, што е прво меѓународно гостување на оваа национална установа во 2017 година. Копродукцискиот перформанс е во изведба на актери од Битолскиот театар и од рускиот театар-домаќин „Вера Комисаржевскаја“. Во меѓувреме извршено е дополнување и ќе биде изведен во форма на ...

Read More »

Во Куманово отворена изложба Филигранска конгломерација

  Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва беше отворена изложбата „Филигранска конгломерација“ од авторката Викторија Симакоска од Струга. После извесен период имаме изложба на филиграни. Авторката се обидува на свој карактеристичен начин да инкорпорира свои видувања и уметнички да се изрази, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот Центар за култура. Авторката досега учествувала на бројни ...

Read More »

Наградa за струшкиот поет Петко Шипинкаровски

  Петко Шипинкаровски поет од Струга, Република Македонија е добитник на Висока награда и диплома од прв степен за песните „Езеро“, „Мочуриште“ и „Плагијат“, како и наградата „Јубилејна грамота“ за дебитантско учество, на десеттиот Меѓународен славјански конкурс за преводи во поезијата (2016, 2017) што го распиша еден од најголемите руски портали стихи ру – Москва. Шипинкаровски беше меѓу големиот број ...

Read More »

Македонија има над 80 обичаи кои може да се стават на репрезентативнта листа на УНЕСКО

  Во Македонија има над 80 нематеријални културни или живи обичаи кои би можеле да се стават на репрезентативнта листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство, забележаа експертите кои по повод денешното одбележување на обичајот Ч’трсе на тврдината Исар-Штип одржаа трибина на тема „Популаризација на културното наследство во Македонија“. Обичајот Ч’трсе е првото нематеријално културно наследство кое се најде на ...

Read More »

Нови две аудиоизданија од едицијата „Незаборав“ на Ансамблот Танец

Асамблот „Танец“ одигра историска мисија и докажа дека Република Македонија со својата богата етнокореолошка традиција зазема маркантно место во семејството на народите кои ја споделуваат својата богата култура со целиот свет. Дваесет и осум македонски изворни народни песни и десет традиционални ора содржат двете нови аудиоизданија, петто и шесто, од едицијата „Незаборав“, која од 2011 година ја реализира Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ со поддршка од Министерството за култура. Меѓу новообјавените песни се „Невесто, ...

Read More »