Tag Archives: Македонија

РК Алкалоид стана третата македонска екипа со европска титула

ЕХФ донесе едннствено можна олука за мечот Алкалоид-АЕК. Натпреарот е регистриран со службен резултат 10-0 со што тимот од Автокоманда е победник на Европскиот куп. Со ова РК Алкалоид стана третиот клуб од Македонија кој е победник на некое европско натпреварување по Кометал Ѓорче Петров во 2002 година и РК Вардар во 2017 и 2019 година.

Read More »

Николоски: Македонија ќе добие најдолга рочност за враќање на парите од британскиот заем

Во Штип ќе се заврши изградбата на Клиничката болница, ќе се гради нов Медицински факултет и студентски дом, истакна во вечерашното гостување во “Топ Тема” вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, зборувајќи за намената на парите од британскиот заем. “ На овие проекти додаваме целосна реконструкција на Клиничката болница во Тетово, како и изградба на целосно нова болница во ...

Read More »

Македонија: Oд денеска во Скопје ќе можете да изнајмите електрично возило

Официјална промоција на најновиот концепт за споделување возила – Car Sharing, како дел од заложбите за одржлив урбан транспорт и намалување на загадувањето, ќе се одржи денеска во Скопје. Како што соопштија од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го означат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, и министерката ...

Read More »

Онлајн состанок на Заедничкиот комитет за следење на ИПА – III програмата за прекугранична соработка меѓу Албанија – Македонија

Денска се одржа онлајн состанокот на Заедничкиот комитет за следење на ИПА – III програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија. На состанокот присуствуваа претставници од албанската национална власт, Министерството за локална самоуправа на Македонија, делегациите на ЕУ, како и албанските и македонските институции. Состанокот послужи како важен чекор во управувањето со програмата, каде што членовите на Комитетот ја ...

Read More »

Николоски: Македонија доби силен сојузник и партнер кој ќе ни помага во развој на државата

Договорот со Обединетото Кралство покрај финансиската има огромна политичка тежина бидејќи стратешки тој на Македонија ќе и обезбеди силна подршка во меѓународните процеси, потенцираше во интервјуто за МРТВ, вицепремиерот Александар Николоски. Тој истакна дека ова е историски настан за што бенефитите ќе ги гледаат граѓаните на Македонија во годините што следат. “ Треба да имаме превид дека Велика Британија на ...

Read More »

Николоски по потпишувањето на Договорот во Лондон: Договорот со Обединетото Кралство ќе донесе еконoмски бум и стратешки партнер на Македонија

Вицепремиерот Александар Николоски денеска во Лондон во име на Владата го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Со Договорот на Македонија и се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти. Во продолжение Ви ја пренесуваме интегралната изјава на вицепремиерот Николоски: “ Навистина е привилегија и чест да ...

Read More »

Муцунски: Македонија отвора амбасада во Ријад, Саудиска Арабија ја поздравува одлуката

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд. Во разговорот беше нагласена заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор од страна на министерот Муцунски беше потенцирано отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што ...

Read More »

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра

Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност. Вчера, во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Овој чин не е само симболика. Тоа е голем, неповратен чекор напред во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се ...

Read More »

Влада на Обединетото Кралство: Премиерот ја поздрави одлуката за стратешко партнерство со Македонија

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница. Премиерот почна со поздравување на новото стратешко партнерство меѓу двете земји, со што дополнително се зајакнуваат односите меѓу Велика Британија и Македонија. Партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера ...

Read More »

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер во Тирана потпиша договор за стратешко партнерство меѓу двете земји

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. „Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што успеавме да го потпишеме овој договор е од голема важност и покажува дека ќе можеме заеднички да решаваме многу ...

Read More »