Tag Archives: Македонија

Претседателите на Македонија и Бугарија денеска имаа средба со бизнисмените и претседателите на стопанските комори на двете држави

  Претседателите на Република Македонија и Република Бугарија, д-р Ѓорге Иванов и г.Румен Радев денеска имаа средба со бизнисмените и претседателите на стопанските комори на двете држави. На средбата двајцата претседатели истакнаа дека Македонија и Бугарија треба да имаат поуспешна бизнис соработка, подобра инфраструктура, повеќе проекти, поголема размена на стоки и на луѓе и многу подобра комуникација на сите нивоа. ...

Read More »

200 македонски интелектуалци бараат прекин на преговорите за промена на името

  Oколу 200 македонски интелектуалци упатија драматичен апел до политичките лидери за иднината на македонската нација. Експерти од различни области од Македонија и во светот објавуваат отворено писмо во кое од политчките лидери се бара да ја употребат мислата на големиот Крсте Петков Мисирков, кога одлучуваат за преговорите за името и за опасноста Македонија да го загуби својот идентитет. Во прилог ...

Read More »

Сезона директна авионска линија на релација Истанбул – Охрид

Турската нискобуџетна авиокомпанија „Онур Ер“ за претстојната туристичка сезона ќе воспостави директна авионска линија од Истанбул за Охрид. Предвидено е авиони на „Онур Ер“ да летаат од Истанбул за Охрид еднаш седмично, почнувајќи од 15 април заклучно со 7 октомври. Првично билетите за летот ќе се продаваат преку турскиот тур-оператор „Татил Будур“, но ќе бидат понудени и на отворена продажба ...

Read More »

Македонија и Германија постигнаа договор за признавање на возачките дозволи

Според извори на Дојче Веле, постигнат е договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи. Се очекува договорот наскоро да стапи во сила, иако никој не сака да прогнозира кога точно тоа би можело да се случи. Билатералниот договор меѓу Македонија и Германија за меѓусебно признавање на возачките дозволи е постигнат, велат извори на ДВ. Отстранети се последните пречки, и со тоа, македонските државјани ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ стана полноправна членка на Центристичката Демократска Интернационала (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ денес на самитот во Будимпешта стана полноправна членка на Центристичката Демократска Интернационала која е светска организација на десни политички партии. Ова е значајно меѓународно признание и успех на партијата на кој што макотрпно работевме изминативе два месеци. По членството во европската народна партија (ЕПП) каде ВМРО-ДПМНЕ е членка, партијата стана член и во Центристичката Демократска Интернационала каде членуваат партии ...

Read More »

Светската финансиска елита на меѓународна конференција во Македонија 

Македонија денеска е домаќин на меѓународна конференција на која присуствуваат еминентни личности чие мислење е значајно за светските финансиски текови. Меѓу нив се Беноа Кере, еден од шесте постојани членови на Европската централна банка, Тао Џанг, заменик главен директор на Меѓународниот монетарен фонд и Луиз Авазу Переира да Силва, заменик главен директор на Банката за меѓународни порамнувања. Најавено е присуство и ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија на традиционален работен ручек со амбасадорите на Вишеградската група

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска приреди традиционален работен ручек со амбасадорите на земјите – членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија. На средбата присуствуваа амбасадорот на Унгарија, Н.Е. г. Ласло Иштван Дукс, амбасадорот на Словачката Република, Н.Е. г. Хенрик Маркуш, амбасадорот на Република Полска, Н.Е. г. Јацек Мултановски и амбасадорот на Чешката Република Н.Е. г. ...

Read More »

Манастирот Св. Јован Бигорски со видео посветено на Неделата на простувањето – Прочка (ВИДЕО)

Манастирот Св. Јован Бигорски, подготви видео со наслов „Умилителна Вечерна на простувањето – Прочка во Бигорски“, во кое се искористени материјали од минатогодишното празнување во Бигорски, за време на Неделата на простувањето – Прочка. Од особено значење е тоа дека, богослужбата од ваков вид, всушност е една древна традиција која оставила силен впечаток меѓу нашиот народ. На тој ден луѓето се охрабрувале да си ...

Read More »

Работна посета на Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров на Бугарија

  Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес, во Софија, во рамките на работната посета на Република Бугарија, оствари средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Рaдев, со претседателот на Владата, Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Министрите за надворешни работи на двете земји, Димитров и Захариева, во присуство на премиерот Борисов, ги ...

Read More »

Претседателот на Владата на Република Македонија Заев се сретна со претседателот на Турција Ердоган (ВИДЕО)

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил попладнево се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, придружуван од вице премиерот, Хакан Чавушоглу. На средбата е констатирано дека  двете пријателски земји имаат потенцијал за унапредување на економската соработка преку зголемување на турските инвестиции како и преку нови иницијативи од страна на ...

Read More »