Tag Archives: Македонија

Претседателот на Република Македонија оствари средба со претседателот на Европската комисија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претседателот на Европската комисија, г. Жан Клод Јункер. На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за процесот на евроатлантските интеграции, како и за клучните предизвици со кои се соочуваат регионот и Европската Унија. Претседателот Иванов изрази благодарност за поддршката на претседателот на ЕК, г. Јункер ...

Read More »

Ричард Симкот човекот кој течно зборува над 20 јазици и живее во Македонија

Ричард Симкот е хиперполиглот кој веќе 7 години живее во Македонија. Тој има дарба за учење нови јазици и течно зборува повеќе од 20  јазици. Освен јазиците на кои зборува течно, тој активно учел повеќе од 50 јазици. Роден е во Велика Британија и неговиот мајчин јазик е англискиот. Уште на рана возраст научил да зборува француски, а со оглед ...

Read More »

Пред 49 години во Македонија се одржа Светското првенство во хокеј на мраз

На денешен ден, 24 февруари, во далечната 1969 во Скопје се одржа Светското првенство во хокеј на мраз. Во нашиот главен град се играа натпреварите од Ц групата. На турнирот учествуваа селекцијата на Јапонија, Швајцарија, Унгарија, Холандија, и Данска. За потребите на првенството почна изградбата на лизгалиштето под Кале. Со тоа почна и раѓањето на квалитетниот македонски хокеј, кој имаше свое златно доба во следните ...

Read More »

Македонските заедници во светот повикуваат на Семакедонски протест за одбрана на името

Македонските заедници во светот повикуваат на Семакедонски протест за одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата! На 27 февруари 2018 година со почеток во 18 часот пред Мисијата на Европската Унија, оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар “Свети Климент Охридски“ и булевар “Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија. Македонските заедници во светот упатија јавен повик до ...

Read More »

Стоби флипс од Витаминка прв македонски бренд во вселената (ВИДЕО)

Стоби Флипс, брендот број еден во Македонија, се вивна во вселената и го освои и овој простор. Компанијата Витаминка го лансира Стоби Флипс во вселената со цел да го заземе и последниот простор кој остана недопрен од него. Со ова симболично лансирање на нови и далечни простори се одбележува 40-годишнината од почетокот на производството на омилениот македонски бренд. Многу генерации ...

Read More »

Ски центарот Маврово се најдоа во американското шоу „Right This Minute“ (ВИДЕО)

Американската телевизиска програма „Right this Minute“ го прикажа светлечкото шоу на ноќно спуштање за време на Хуманитарниот велеслалом по ски патеките во Маврово, каде скијачите и сноу бордерите се симнуваат со бакљи со црвена и жолта боја. Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово се одржа претходниот викенд, каде се собраа 10.000 евра и се донирани за Здружението за хумано-општествен развој Проект ...

Read More »

Проштална средба на претседателот Мета со амбасадорот на Македонија во Албанија

Претседателот Илир Мета денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Македонија г-дин Стојан Карајанов. Осврнувајќи се на интензивирање на билатералните односи и размена на посети на највисоко ниво, претседателот Мета ја пофали заложбата на амбасадорот Карајанов и личниот придонес во зајакнувањето на соработката меѓу Албанија и Македонија. Претседателот Мета, исто така, изрази уверување дека, и по завршувањето на ...

Read More »

АРМ: Mедал за учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“ за припадниците на седмата ротација „КОСА“ Кабул

На свечената церемонија по повод доделување на НАТО–медал, припадниците од седмата ротација на македонскиот контингент во „КОСА“ главен град Кабул, се здобија со НАТО-медал за учество во мировна мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан. НАТО-медалот за учество во мировни мисии, се доделува од 1995 година, а го добиваат воен и цивилен персонал работејќи во НАТО алијансата и давајќи свој придонес во ...

Read More »

Грција ја поддржa кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско – јонската иницијатива

  Алтернативниот шеф на грчката дипломатија, со допис до надлежните европски комесари, соопшти дека Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско –јонската иницијатива. Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, со допис до надлежните комесари за проширување, Јоханес Хан и за регионална политика, Корина Крецу, ја објави намерата на Грција да ја поддржи кандидатурата на ...

Read More »

Хан: Македонија ќе добие препорака за почеток на преговори со ЕУ

  Почеток на преговорите за Македонија најави еврокомесарот Хан. Ова може да се случи на јунскиот самит, што ќе биде потврдено од Европскиот совет, вообичаено на самитот во декември. За премиерот Заев, кој учествуваше на конференцијата организирана од фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин, 2018- та е клучна година за Македонија. Европската унија ќе препорача почнување преговори со Македонија, најави еврокомесарот ...

Read More »