Македонската фудбалска репрезентација на најубав начин ги заврши мундијалските квалификации за пласман на СП 2018 во Русија со убедлив триумф со 4-0 против Лихтенштајн вечерва на стадионот „Младост“ во Струмица. Црвено-жолтите со оваа победа потврдија дека новата генерација има голем напредок, затоа што Македонија освои во оваа група 11 бода, колку што во претходните два циклуси вкупно освои најсилниот национален ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонска академија на науките и уметностите одбележува 50 години од формирањето
Со свечена академија и доделување на признанија, Македонската академија на науките и уметностите одбележува 50 години од формирањето. Досега издадени голем број трудови… За 50 години од основањето до денес, постигнавме респектабилни резултати. Само во научно истражувачката работа и уметноста, досега се организирани близу 500 научни собири, а реализирани 800 научно истражувачки и уметнички проекти, рече на свечената седница ...
Read More »Расте трговската размена меѓу Македонија и Русија
Трговската размена меѓу Република Македонија и Руската Федерација до крајот на август оваа година пораснала за 23,9 отсто. Република Македонија и Руската Федерација од јануари до август оваа година оствариле трговска размена во износ од 144,8 милиони американски долари. Минатата година, за истиот период (јануари-август) размената меѓу двете земји изнесувала 116,9 милиони американски долари. Притоа, во осумте месеци од годинава ...
Read More »Македонската репрезентација сосема заслужено израмнување против Италија (1-1)
Македонската репрезентација сосема заслужено стигнува до израмнување (1-1) на „Олимпико“ во Торино во квалификацискиот дуел против Италија. По одличната игра во вториот дел, во која имавме неколку можности претходно за погодок, конечно израмнувањето дојде во 77. минута преку Александар Трајковски кој го постигна десеттиот свој гол во националниот дрес. Одлична акција почна Несторовски до Пандев кој мајсторски во празно го ...
Read More »Трета конференција на Кина и земјите од Централна и Источна Европа се одржа во Охрид
На отворањето се обрати на претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Иницијативата е особено важна за регионалната соработка и за развојот преку трговската размена, инвестиците и инфраструктурата, оценија организаторите на конференцијата. Улогата на човечкиот капитал во рамките на иницијативата за меѓународен економски развој „Еден појас, еден пат“ ќе биде во фокусот на третата меѓународна конференција на Кина и земјите ...
Read More »Mинистерска средба во Солун
Безбедносната и прекуграничната соработка, енергетското поврзување, се дел од темите за кои разговараат министрите за надворешни работи Димитров, Коѕијас, Бушати и Захариева, на квадрилатералната средба во Солун. Во Солун на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Грција, Македонија, Албанија и Бугарија, полчасовна средба на шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас . Доколку Македонија и Грција сакаат во иднина ...
Read More »УНЕСКО избира нов генерален директор
Во Париз денеска почна сесијата на Извршниот совет на УНЕСКО на кој ќе бидат поднесени кандидатурите за генерален директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура. Изборот на кандидати ќе почне на 9 октомври. Гласањето е тајно, а новоизбраниот директор треба да добие поддршка од 30 од вкупно 58 членки на Извршниот совет, а потоа да биде потврден ...
Read More »Отворен почесен конзулат на Мароко во Македонија
Во присуство на дипломатскиот кор свечено е отворен почесниот конзулат на Кралството Мароко во Македонија. Македонија и Мароко првпат воспоставија дипломатски односи на 18-ти септември 2002 година. Функцијата на почесен конзул ја извршува Илија Малинковски, назначен на оваа позиција во септември минатата година, кој е истакнат член на заедницата и со својата работа придонесува за културно и економско зближување на ...
Read More »Претседателот на Владата на Република Македонија денеска го прими во посета министерот за надворешни работи на Луксембург
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска го прими во посета министерот за надворешни работи на Големото Војводство на Луксембург, Жан Аселборн, придружуван од неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров. Премиерот Заев изрази задоволство што има прилика и на министерот Аселборн да му ги пренесе изразите на благодарност за поддршката на Луксембург на ...
Read More »Дваесет и две години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров
Пред 22 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди во главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden