Tag Archives: Македонија

Македонија дефинтивно е осминафиналист на Европското првенство во одбојка

Aко претходно имаше некакви дилеми сега нема никакви, Македонија дефинтивно е осминафиналист на Европското првенство во одбојка. Ова стана јасно откако Чешка ја оправда фаворитската улога и ја победи Црна Гора со 3:0 во сетови и тоа и одеше во прилог на Македонија. Од самиот старт Чешка најави дека оди по победата и доминираше во првиот сет кој го освои ...

Read More »

Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура и Скопје имаат капацитет да бидат Европска престолнина на културата во 2028

Апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата“ за нас е од огромно значење бидејќи ќе донесе афирмација на македонската култура во сите нејзини сегменти, од културното наследство до современата архитектура и изведувачките уметности. Да се биде град кој една година ќе биде во фокусот на европската културна јавност е престиж и привилегија, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која денеска ...

Read More »

Ново училиште во Турција ќе го носи името Maкедонија, а училниците ќе се именуваат по македонски градови

Вкупно 63.380.807 денари во Македонија беа собрани за помош на Турција по земјотресот, објави Црвениот крст. Oд собраните средства, 12.427.334 денари, се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, за помош на настраданото население во Сирија. Црвениот крст на Македонија по направените преговори со Турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во ...

Read More »

Министерот за надворешни работи, Османи во Њу Делхи се сретна со Потпретседателот на Индија, Дханкар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата, Џагдееп Дханкар. На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето.  Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите надворешно-политички приоритети, од особена важност ...

Read More »

Владата на Албанија по преговори со Македонија го менува проектот Коридорот 8, додава тунел од 3 километри

Владата на Република Албанија го промени проектот на патот Елбасан – Ќафасан, кој е дел од Коридорот 8, додавајќи изградба на уште еден тунел долг 3 километри. Министерката за инфраструктура и енергетика на Република Албанија Белинда Балуку изјавилa дека ова решение е постигнато по преговори меѓу владите на Албанија и Македонија, односно одговорните министерства за инфраструктура. Ова е важен дел ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, кој е во дводневна посета на нашата земја. На средбата беше потврдена поддршката на САД за европските аспирации на нашата земја. Истовремено, беше изразено очекување од официјален Вашингтон дека Македонија ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна ...

Read More »

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Мони Дамевски. На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет. ...

Read More »

Мицкоски и Николоски остварија средба со амбасадорката на Германија Петра Дрекслер во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер во Република Македонија. На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата. Претседателот Мицкоски ја информираше амбасадорката Дрекслер за актуелните политички состојби во државата и дека власта свесно го крши Деловникот за работа ...

Read More »

Албанија и Македонија ги имаат најевтините ресторани во Европа

Ерик Блик од Шведска дојде во Албанија на 10 дена. Слушнал дека е евтино, но вели дека е навистина изненаден, не само од евтините цени, туку и од квалитетот. „Храната во Ѓирокастро и Берат беше многу добра. Многу малку плаќавме оброци, 10-15 евра. За време на фолклорниот фестивал цените поскапеа нешто повеќе од вообичаено за 3-5 евра по оброк, но ...

Read More »

Двосменска работа во конзулатите во Берн, Бон, Берлин и Минхен – зголемен број на барања за издавање на документи

Поради зголемен прилив на барања за издавање на документи кои пристигаат во македонските амбасади, министерството за надворешни работи ќе се воведе двосменско работење во неколку европски градови. Први, каде ќе се воведе двосменско работење, се конзулатите во Берн, во Бон, во Берлин и во Минхен за да им се излезе во пресрет на граѓаните, поради обврската за промена на личните документи ...

Read More »