Tag Archives: Македонија

Македонија: ДИК нема да има избори во дијаспората ако не се пријават над 6.540 граѓани

Пријавувањето на гласачите од дијаспората трае до 11 март, а досега се пријавени 3377 гласачи. „Доколку нашите сограѓани од дијаспората сакаат да учестуваат во политичкиот живот на државата, мора да го направат тоа преку активно учество врз изборите, односно треба да се пријават и треба да гласаат, во спротивно нема да можат да се побунат или за некоја ситуација, затоа ...

Read More »

Македонија: Машините за рециклирање пристигнаа во Општина Центар

Пристигнаа првите девет од планираните 27 повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња набавени од ЈП Паркинзи на Општина Центар кои локациски ќе бидат поставени низ целата територија на општина Центар. Центарци наскоро ќе го започнат светскиот тренд во рециклирањето и ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад со цел да придонесат во одржување на јавната чистота ...

Read More »

Донација од Германија за Министерството за внатрешни работи на Македонија

„Соработката помеѓу двете министерства е на високо професионално и пријателско ниво, веќе долги години наназад. Воедно, што е особено важно, искрено верувам дека има и тоа како широк простор тоа наше партнерство уште повеќе да го интензивираме и продлабочиме не само во поглед на заедничката борба против сите видови на криминал, туку и во сите други сегменти во коишто споделуваме ...

Read More »

Лига на Нации: Македонија во група 2 од Ц сегментот

На денешната ждребка во Амстердам беа извлечени групите од Лигата на Нации за циклусот 2020/21. Македонија во минатиот циклус стартуваше од најдолната лига Д, а по одличните настапи и првото место во групата напредувавме во погорниот сегмент Ц. Противници на Македонија за натпреварите од новиот циклус на Лигата на Нации ќе бидат Ерменија, Естонија и Грузија, а натпреварите во групата ...

Read More »

Македонија: ОБСЕ/ОДИХР почна мисијата за набљудување на изборите

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР ќе го следат и овој изборен циклус. Нивната долгорочна мисија е веќе започната, а на денот на изборите, 250 краткорочни набљудувачи ќе се приклучат на мисијата. Шефот на мисијата, Тана Де Зулуета не ги коментираше последните измени во Изборниот законик за кои се вели дека се препораки на ОБСЕ/ОДИХР. За проценките за влијанието на овие измени и ...

Read More »

Македонија: Претседателот Пендаровски во обиколка на јужната граница

Претседателот на Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска изврши обиколка на позициите на Армијата стационирани на јужната граница на државата. Во караулата „Гоце Делчев“ на граничниот премин „Богородица“ претседателот Пендаровски поразговара со војниците за нивните обврски во пограничниот дел на државата, начинот и периодот на нивна ротација. Исто така, командантот на бригадата го информираше претседателот Пендаровски ...

Read More »

Дијаспората до 11 март има право да се пријави за гласање

Државната изборна комисија досега одобрила 1.430 пријави за гласање на македонски државјани што живеат или се на привремена работа во странство за претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. Од дипломатските- конзуларни претставништва до ДИК биле испратени вкупно 1.517 пријави, но прифатени се само 1.430. Рокот за пријавување на дијаспората за гласање завршува на 11 март на полноќ. Избори во ...

Read More »

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Македонија и Албанија

Во извештајот за Македонија, Европската Комисија наведува дека земјата постигнала значителни резултати во клучни области. Комисијата исто така наведува дека ја повторува  препораката до Европскиот совет да почне преговори за членство со двете држави. Извештајот заедно со новата методологија за проширување на ЕУ се очекува да биде разгледан на самитот на Европската Комисија овој месец и е фокусиран во судските ...

Read More »

Македонија: Граѓаните можат да направат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да направат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб- страницата на Државната изборна комисија www.sec.mk и во нивните подрачни канцеларии. Исто така денеска почнува и рокот за собирање потписи на група граѓани во подрачните канцеларии на Комисијата и од оваа година пред овластен нотар. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски ...

Read More »

Македонија: Сомнителната пациентка во Скопје нема коронавирус

Негативен е резултатот за присуство на корона вирус кај пациентката за која постоеше сомнеж, а која е една од двата дополнителни случаја што беа тестирани вчера на Инфективната клиника во Скопје, по утврдениот прв пациент со овој вирус. „И двата случаја се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од ...

Read More »