Tag Archives: Македонија

Македонија: Претседателот Пендаровски прогласи уште 14 дневна вонредна состојба (ВИДЕО)

Вонредната состојба продолжува уште 14 денови, објави на денешната прес конференција претседателот на државава, Стево Пендаровски, одржана по завршување на состанокот на Советот за безбедност. „Причина за ваквата одлука е потребата од имплементирање на економско-социјалните мерки, за ублажување на последиците од пандемијата“, рече Пендаровски, додавајќи дека одлуката за времетраење на новата вонредна состојба не е поврзано со датум за изборите. ...

Read More »

Која е крајната цел на бугарските екстреминстички барања која Македонците не можат да ја видат?

Во очекување на евентуален датум за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ, официјална Софија не падна на „рурално -шармерската“ македонска дипломатија на Димитров и Заев и во тотално средновековен примитивен манир ја услови Македонија преку завршен извештај на Брисел дека доколку се надеваме на интеграција во ЕУ, Македонците главно мора да прифатат дека: Македонскиот јазик не постои Гоце ...

Read More »

Совет за македонски јазик: Изданието на БАН е најобичен памфлет со низок стил (ВИДЕО)

Најобичен памфлет со низок стил. Вака Советот за македонски јазик при Владата го коментира изданието на Бугарската академија на науките, во кое се негира посебноста на македонскиот јазик и се карактеризира како писмено регионална форма на бугарскиот. Во својата остра реакција велат – постоењето на македонскиот јазик одамна е апсолвирано прашање во светски рамки, а секој став што го негира ...

Read More »

Македонија: Традиционално се одржи струшка литија (Еордија)

Откако со својата благодатна посета го благослови и исполни со радост нашето монашко семејство, кое се собра во Рајчичката Обител да го прослави неговиот свет спомен, Св. Георгиј Победоносецот и годинава не ја лиши од својот благослов убавата Струга, осенувајќи ги древните струшки улици преку традиционалната Еордија – Литија со своите свети мошти и чудотворниот образ, како и со двостраната ...

Read More »

Медицинска помош од Турција за Македонија и Албанија

Турција продолжува да доставува помош во медицински материјали на земјите кои се погодени од новиот тип коронавирус (Ковид-19). По инструкција на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Турција со цел поддршка во борбата против Ковид-19 и испрати на Македонија 75 илјади хируршки маски, 10 илјади нитрилни ракавици, 10 илјади заштитни комбинезони, 2 илјади заштитни наочари, 2 илјади маски „N149“, а на Албанија ...

Read More »

Демократи со поддршка за ставот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана за изјавите на Каракачанов и Ковачев

Невидената офанзива на бугарската држава во Албанија, со цел одродување на Македонците во Албанија и нивно вештачко претставување како Бугари има за цел да „покаже“ и „докаже“ дека доколку на исток и на запад од Македонија живеа Бугари, тогаш и населението во Македонија е бугарско. За остварување на таа своја цел, бугарските политичари не се либеа јавно да ги уценува ...

Read More »

Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица

Празникот Свети Великомаченик Георгиј, патрон на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, беше одбележан само со присуство на бигорското братство и раичкото сестринство и многу мал број верници. Ова се случува за првпат во неговата понова историја, но сепак,како што ...

Read More »

За сонцето не се преговара, господа политичари и историчари

Професорката Наде Проева во своја авторска колумна специјално за „Нова Македонија“ се осврнува на најновите актуелни случувања За некои теми, особено ако се „наметнати“ од нашиот источен сосед, гревота е да се троши време, зашто за да се напишат очигледните аргументи за македонската самобитност, јазик, историја, култура ќе треба да се потрошат море мастило и хартија колку небото, како во ...

Read More »

Македонија: Комисијата за заразни болести треба да изготви протокол за оддржување на парламентарните избори

Кога и да се одржат изборите тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Протоколот ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести заради тоа што нема да дозволиме каква било организација што може да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција. Очигледно е, посочи ...

Read More »

Македонија: Хеликоптер на МВР се превртел по полетувањето на аеродомот во Скопје

Полициски хеликоптер М-17 пред еден час се урнал веднаш по полетувањето од платформата на аеродромот во Скопје. Лесно повреден е само еден член на екипажот. Како што информираат од МВР за МИА, денеска околу 11:30 часот на стара платформа до Полициската станица на Г.П. „Меѓународен Аеродром Скопје“ од кога наполнил гориво, хелихоптер на МВР M-17 од засега непознати причини паднал при ...

Read More »