Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) испрати честитка до министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, по повод нејзиното назначување на ова високо државно место. Во писмото, потпишано од претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се наведува дека изборот на Спиропали претставува „големо признание за нејзината работа и значајна одговорност во водењето на надворешната политика и ...
Read More »Tag Archives: Македонска Алијанса за Европска Интеграција
Македонска алијанса за европска интеграција го честита изборот на Нико Пелеши за претседател на Собранието на Албанија
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) му упати честитка на г. Нико Пелеши по повод неговиот избор на високата функција претседател наСобранието на Република Албанија. Во честитката потпишана од претседателот на партијата, Васил Стерјовски, се нагласува дека овој избор претставува голема доверба што претставниците на албанските граѓани му ја дале на Пелеши, како потврда за неговата посветеност во служба ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција: Македонците не се монета за поткусурување со Софија
Македонска алијанса за европска интеграција со најголема решителност ги осудува срамните и агресивни обиди на Бугарија да ги асимилира Македонците во Албанија. Настанот од 26 септември 2025 година, кога во државната амбуланта во Пустец беа извршени прегледи од бугарски лекари со истакнување на бугарското знаме, е недопустлив скандал и директен атак врз македонскиот народ и државниот суверенитет на Албанија. Станува ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција: Нема да замолчиме пред бугарските манипулации
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во написот „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“, објавен на бугарскиот интернет-портал „Буревесник.бг“. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Албанија. Во текстот директно се напаѓаат претседателот на МАЕИ, ...
Read More »МАЕИ и „Обединети Македонци“ му оддадоа почит на Стерјо Спасе по повод 111- годишнината од неговото раѓање
Делегација на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), заедно со Ристо Дурловски – претседател на „Обединети Македонци“ од Канада, во живописното село Глобочани, Општина Пустец, му оддадоа почит на големиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во чест на 111-годишнината од неговото раѓање. „Положивме цвеќе на неговата биста, оддавајќи почит на животот и делото, што оставија траен белег во културната ...
Read More »Стерјовски од Торонто: Македонецот не се брише, не се прекрстува, не се покорува, и денес, и утре, и секој ден потоа, ние ќе постоиме
Денес стоиме тука не само како сведоци на нашето време, туку и како чувари на една истрајна и непокорна историја – историја на еден народ кој низ вековите многу пати бил оспоруван, негиран, нападнат, но никогаш, никогаш, не бил победен, рече Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на 67-от традиционален Илинденски ...
Read More »Стерјовски: И покрај формалното признавање, многу суштински права на Македонците во Албанија и понатаму остануваат неостварени
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Васил Стерјивски, во интервју за весникот „Македонија“ од Канада, пред неговиот најавен престој во Канада по повод празникот Илинден, меѓу другото се задржува на клучните човекови и малцински права на Македонците во Албанија, кои и понатаму остануваат неостварени. И покрај формалното признавање, многу суштински права на Македонците ...
Read More »МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство во албанската полиција
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како и другите малцинства во Албанија, да бидат соодветно застапени во редовите на Државната полиција, изјави лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на семинарот организиран од Единицата за соработка против дискриминација при Советот на Европа, одржан во Драч. Тоа, оцени тој, не само што го зајакнува претставувањето, туку и ја ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција упати честитка за Курбан Бајрам
Честитка по повод големиот исламски празник Курбан бајрам упати Македонска алијанса за европска интеграција. На сите верници од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Курбан бајрам, со искрени желби за добро здравје, семејна радост, духовен мир и благосостојба. Нека деновите на празнување бидат исполнети со меѓусебна почит, солидарност и споделена радост со најблиските. Овој свет празник нe потсетува ...
Read More »ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет поднесена од МАЕИ и ОМО “Илинден”-Пирин
Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и ОМО Илинден Пирин, информираа за МИА од МАЕИ. На Собранието бил разгледан извештајот за „Минимални стандарди за малцинствата во ЕУ“ од 2018/2036(INI), при што бил ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden