Агенцијата за финансиски надзор го прифатија барањето на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и од денеска осигурителната полиса „зелен картон“ чини само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно. Ја изразуваме нашата благодарност до Агенцијата за финансиски надзор, која го зеде предвид барањето на нашата партија и одобри намалувањето на цената на осигурителната полиса ...
Read More »Tag Archives: Македонска Алијанса за Европска Интеграција
Васил Стерјоски од МАЕИ се кандидира за нов пратенички мандат – „вашата поддршка е наш заеднички успех“ им порачува на Македонците во Албанија
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на претстојните парламентарни избори во Албанија е во трка за пратенички мандат, преку објава на Фејсбук се обрати до Македонците во округот Корча, да го поддржат порачувајќи дека „вашата поддршка е наш заеднички успех“. Во објавата на почетокот се задржува на трагедијата што се случи во Кочани, која во ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама. „По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција предводена од Демократската партија на Сали Бериша
Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша за изборите за албанскиот парламент на 11 мај 2025 година. Преку писмо упатено до главниот државен изборен комесар Илирјан Челибаши, побара бришење на името на Македонска алијанса за европска интеграција од оваа коалиција.
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција достави барање за учество на парламентарните избори (ФОТО)
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), попладнево достави барање за учество на парламентарните избори што ќе се одржат на 11 мај. До соодветните служби на Централната изборна комисија доставивме барање, со потребната документација, да бидеме регистрирани за учество на парламентарните избори. Сигурни сме дека ќе бидеме регистрирани како политички субјект, затоа што ги доставивме сите потребни документи – рече за ...
Read More »Се одржа првото рочиште против Македонска алијанса за европска интеграција по тужбата на Фондацијата „Бугарска меморија“
Во Корча денеска беше одржано првото рочиште по тужбата на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија поднесена против македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Споменатата фондација ја тужи МАЕИ и бара оштета од 10.000 евра и јавно извинување за клевета бидејќи баравме од албанските власти да ја забрани дејноста на ова фондација во Албанија. Тоа поради корумпирање на ...
Read More »Македонска алијанса за европска интеграција со барање до албанските власти за намалување на премијата за „зелен картон“ за патување во Македонија и Грција
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави одлуката на Албанското биро за осигурување, која стапи во сила вчера (1 февруари) и која им овозможува на албанските граѓани да патуваат во Црна Гора со осигурителната полиса „зелен картон“ со намален премиум од само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно. Според партијата, ова е значаен ...
Read More »Стерјовски: Побаравме од МЕНР на Албанија да потпише договор со соседните земји за меѓусебно признавање на малцинствата на реципроцитетна основа
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата. На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние ...
Read More »Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди. Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник ...
Read More »МАЕИ бара од албанските власти под итно да ги прекинат активностите на фондацијата „Бугарска меморија“
Македонска алијанса за европска интеграција, која ги застапува и заштитува правата на македонската заедница, побара од албанските власти под итно да ја забранат активноста на фондацијата „Бугарска меморија“ од Бугарија, при тоа изразувајќи „длабока загриженост за тековните напори на бугарските власти и споменатата фондацијата да ја асимилираат македонската заедница“. Директно му се обраќаме најпрво на премиерот Еди Рама од кого ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden