Tag Archives: Македонска Алијанса за Европска Интеграција

Македонска алијанса за европска интеграција бара проширување на истрагите за лажните потврди за „бугарско потекло“

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по обелоденувањето на скандалот со давањето лажни потврди за бугарско потекло во Острени, Голо Брдо, од лица вработени во албански институции, бара „проширување на полициската акција и во други општини и региони во Албанија, каде што се одвиваат слични незаконски активности“. Претседателот Васил Стерјовски, изнесувајќи го ставот на партијата ...

Read More »

Фетаху: МАЕИ го поздравува откривањето на скандалот со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо. Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција побара од ИНСТАТ и Мала Преспа да биде опфатена со продолжениот рок за попис

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, денеска достави барање до Институтот за статистика, ИНСТАТ, пописот на населението да се продолжи и за подрачјето на Мала Преспа. Доставивме барање до ИНСТАТ од причина што добар дел од жителите се сезонски работници во Македонија и Грција, поради што, сè уште не се контактирани од попишувачите. Се надеваме ...

Read More »

Јован Шкемби официално избран за советник во Советот на Општина Поградец и претставник во Советот на Округот на Корча

Членот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Јован Шкемби со давање свечена заклетва на седницата на Советот на Општина Подградец и официјално е нов член на Советот на Општина Поградец. Исто така, Советот на Општина Подградец го избра Јован Шкемби за претставник на Советот на Општина Подградец во Советот на Округот на Корча. Советот на Округот на Корча го ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција со повик до Македонците во Албанија: Слободно и гордо пријавете ја вашата македонска националност

Пред утрешниот почеток на пописот на населението и домаќинствата во Албанија, единствената македонска партија во земјата, Македонска алијанса за ервропска интеграција, МАЕИ, ги повика Македонците да ја поддржат оваа значајна статистичка операција и слободно да се изјаснат за етничката и верска припадност и јазик. -Ова е многу важен процес за македонската заедница во Албанија, бидејќи во него ќе се декларира ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција во Пустец организира свечено одбележување на Илинден

Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во соработка со Општина Пустец, утре на 2 август, организира прослава по повод Илинден. Според лидерот на партијата Васил Стерјовски, во Пустец, седиштето на истоимената општина, по повод 120 години од Илинденското востание на македонскиот народ во 18.00 часот ќе се одржи свечена академија. Академијата „120 години од Илинденско востание“ ќе се одржи во ...

Read More »

Васил Стерјовски реизбран за претседател на МАЕИ

На денешниот, четврти Конгрес, на единствената македонска партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ , едногласно за лидер на партијата беше реизбран Васил Стерејовски. Стерјовски е магистер по историски науки, претседател е и на друштвото „Сонце“, прв пратеник во албанскиот Парламент (16 мај 2019 до 9 септември 2021) кој јавно се декларира како Македонец и прв ...

Read More »

Сајкоски на четвртиот конгрес на МАЕИ во Албанија: Даваме безрезервна поддршка на Македонците во соседството

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија. Денес ја имав таа чест да присуствувам на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ под мотото „Македонците – нераскинлив дел од Албанија“, каде покрај другото се зборуваше и за унапредување на положбата, правата и слободите ...

Read More »

Во Корча денеска ќе се одржи Четвртиот конгрес на Македонска алијанса за европска интеграција

Денес во Корча во Република Албанија ќе се одржи Четвртиот конгрес на единствената Македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Околу 120 делегати од цела Албанија ќе усвојат ивештај за работа на Македонската партија за периодот 2019-2023 година и ќе ги изберат нејзините органи за наредниот четиригодишен мандат од 2023-2027 година. На Конгресот ќе присуствуваат претставници од ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција со осуда на обидите европратеникот Ковачев за преставување на Македонците во Гора како Бугари

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), реагираше во врска на посетата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на областа Гора, кој, како што беше објавено, „бил во посета на Бугарите“. Во реакцијата на МАЕИ се осудува однесувањето на европратеникот Ковачев и бугарскиот амбасадор во Албанија, кои заедно со други дипломати од Бугарската амбасада во Тирана, давајќи лажни ветувања за помош од ...

Read More »