Tag Archives: македонски јазик

Совет на Европа: Медиумите во Србија да ја подигаат свеста за македонскиот јазик

Македонскиот е еден од јазиците на малцинствата во Србија според Европската повелба за регионални и малцински јазици. Во последниот извештај на Советот на Европа објавен денеска, се наведува дека македонскиот јазик во Србија се изучува како изборен предмет „Македонски јазик со елементи на национална култура“ во основното образование и тоа два часа неделно. Но, македонскиот јазик го нема во предучилишното ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Нови перспективи за македонистиката во Полска – македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: Македонистиката во Париз се развива со забрзано темпо – да вложуваме во нејзиниот развој во годините што се пред нас

Она што се случи во Париз пред 50 години не беше случајност, туку дел од континуирана поврзаност на македонската и француската културна и академска средина. Истражувања и објавени статии на француски филолози за македонскиот јазик датираат од периодот меѓу двете светски војни, од пред неговата кодификација. Повеќе од јасно е дека во темелите на овој Лекторат е и еден претходен, ...

Read More »

Половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз

Голем јубилеј за македонистиката и за македонската држава – половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз, Франција. Со него, пред 50 години почна натамошното засилено присуство на македонскиот јазик, литература и култура во наставата на странските високообразовни институции. Лекторатот на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз е првиот лекторат по македонски ...

Read More »

Едукативен изборен материјал во Албанија и на македонски јазик

Албанската централна изборна комисија, ЦИК, како што најави,  почна со печатење на едукативен изборен материјал и на македонски јазик. Денеска објави плакат со предупредување, поврзан, како што наведува, со тоа што значи изборен криминал. Под наслов изборен криминал- внимание се наведуваат пет дејствија кои претставуваат кривично дело за кои се предвидени затворски казни од три месеци до 8 години. Активната ...

Read More »

Мојсова-Чепишевска: „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија“ – стихот на Шопов ја одразува смислата на Третата зимска школа

                  „Македонија е судбина на светот, светот е судбина на Македонија.“ Со овој стих на великанот Ацо Шопов, објавен пред четириесет и три години, директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска го започна своето ...

Read More »

Продолжуваат активностите за афирмација и развој на македонистиката во Турција

Продолжуваат активностите со кои се вложува во афирмацијата и развојот на македонистиката во Турција. На Катедрата за македонски јазик при Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет, пред студентите кои го посетуваат напредниот курс по македонски јазик кај лекторката по македонски јазик, д-р Габриела Ивановска, предавања одржаа проф. д-р Славчо Ковилоски и м-р Марина Цветаноска од Одделението за македонска литература во XIX ...

Read More »

Македонскиот јазик, со сите свои дијалекти, има над три милиони говорители

Дијалектната карта на македонскиот јазик, како што вели професорот Јовица Темов, е изработена во Одделението за дијалектологија при Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Обоените растери надвор од државните граници се области каде што се говорат македонски дијалекти Дијалектологијата на македонскиот јазик е постара дисциплина и датира уште од првите научни трудови што се занимавале со македонскиот јазик или од ...

Read More »

Во Грција организација од Лерин почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик

Центарот за македонски јазик во Грција е новоформирана невладина организација која се обидува да го заштити и промовира македонскиот јазик во Грција. Од денеска Центарот почнува со бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници. Курсот е наменет за граѓаните на Грција кои имаат малку или немаат воопшто познавање на стандардниот македонски јазик, за сите возрасни групи. Сите лекции се достапни во ...

Read More »