Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот Христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на ...
Read More »Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана
По барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана поставена повеќејазична табла на Комитетот за национални малцинства, го има и македонскиот јазик
Последователен успех, во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија прокниживме на почетокот на оваа година, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата каде што е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, изјави Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ѓурај додава, дека тоа по барање на друштвото доставено во јануари 2023 година, до ...
Read More »Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај присуствувше на предновогодишен прием на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
На 3. 12. 2024 година се одржа свечен предновогодишен прием на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во просториите на Македонската филхармонија. На настанот,се обрати претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, а во богатата програма учествуваа хорови и пеачки групи од верските заедници во Македонија. Свое пригодно обраќање имаше и директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска, ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука
Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Aлбанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.
Read More »Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија
По повод одбележувањето на 15- годишнината од формирањето, Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија, му додели благодарница на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво “Илинден”- Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник. Благодарницата ми се доделува за долгогодишната соработка, помош и подршка на здружението и промовирање на Македонците од Србија во Македонскиот весник „Илинден”-Тирана. Голема благодарност ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Радио Тирана Интернационал да биде и на македонски јазик
Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во Судскиот округ Тирана со мисија за заштита на македонското национално малцинство во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од Албанската радио телевизија (РТШ) Радио Тирана Интернационал да биде на македонски јазик, како што е на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено ...
Read More »Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...
Read More »Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд на Конгресот на ФУЕН во Хусум, Германија (ФОТО)
Претседателот на македонското друштво ,Илинден – Тирана Никола Ѓурѓај учествува на конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) што се одржува во Хусум, Германија. Друштвото со свои претставници веќе девет години, од кога е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на сите конгреси и други активности. Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија
Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката. Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста ...
Read More »По барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ИНСТАТ го коригирал зборот „северно Македонци” со Македонци во целиот материјал за пописните резултати
Македонското друштво “Илинден”-Тирана попладнево објави дека албанскиот Институт за статистика ги информирал дека во целиот материјал за пописните резултати зборот „северно Македонци” го коригирал со Македонци. Ова е уште еден успех на друштвото, по нашето барање доставено на 10-ти минатиот месец до Институтот за статистика каде најостро ја осудивме злоупотребата на терминот „северно Македонци“ од Институтот за статистика за македонското ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden