Tag Archives: Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Иницијативата на Македонскотo друштво “Илинден”-Тирана добива нови чекори за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик во Тирана

Иницијативата на Македонскоto друштво “Илинден”-Тирана добива нови чекори за повторно да се отвори Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, по заложбите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), веќе се забрзува, со сигурни чекори. Интерес, подготвеност и подадена рака за вложување ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана осум години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред осум години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, во Република Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

По повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.  Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на македонскиот јазик за децата од македонското национално малцинство во Република ...

Read More »

“Нова Македонија“ интервју со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“-Тирана: Повик до македонското национално малцинство во Република Албанија масовно да се одзве на пописот

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува јавен повик до македонското национално малцинство во Република Албанија масовно да се попише на пописот, кој ќе започне на 18 септември 2023 година и ќе трае шест недели. Македонците во Република Албанија не треба да чувствуваат притисок и треба слободно да се изразат на претстојниот попис во Република Албанија, се наведува во повикот на македонското друштво. ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа ...

Read More »

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај им врачи благодарници” Илинден” на Попи и Мазнику

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска благодарници “Илинден” им врачи на двајца големи активисти на македонското малцинство во Албанија. Чест ми беше во името на македонското друштво “Илинден”-Тирана лично да им  предадам Благодарница “Илинден” на двајца големи активисти, Јован Попи, по  потекло од село Ербеле, областа Поле, Маќелара и на Кристо Мазнику, поранешен претседател на Комитетот на Македонска ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонското национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчиниот ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара од Комитетот за национални малцинства да постави повеќејазична табла

Македонското друштво “Илинден“-Тирана достави барање до Комитетот за национални малцинства на Албанија, да постави повеќејазична табла пред оваа институција, вклучително и на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Во барањето доставено до претседателката на Комитетот за национални малцинства, Константина Бежани, бараме таблата пред институцијата да биде повеќејазична, односно освен на албански и англиски името на институцијата да биде и на ...

Read More »

Пораката од „Искра што се измолкнува“ од Горан Стефановски во превод од македонски на албански јазик (ВИДЕО)

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во рамки на добрата соработка со македонското друштво “Илинден“-Тирана, преку видео-запис ја пренесуваат пораката од неговиот последен есеј „Искра што се измолкнува“ од Горан Стефановски, во превод од македонски на албански јазик. Пораката ја пренесуваат Сабина и Сара Џелили, членки на македонското друштво “Илинден“-Тирана. ...

Read More »