Tag Archives: македонци во бугарија

Стојко Стојков за „Пресинг ТВ“: Зошто е толку тешко Радев и Бугарија да признаат македонското малцинство?

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на претседателот Румен Радев кој ги праша македонските власти зарем било толку тешко да „додадете еден, единствен збор – „Бугари“ во Уставот на Република Македонија“. Стојко Стојко од партијата ОМО “Илинден”-Пирин прашува не е ли бесрамност вакво прашање да поставува лидер на земја која во својот услов нема ставено нема ставено ниту едно малцинство ...

Read More »

Николоски: Бугарија не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со ОМО “Илинден”- Пирин

Една од државите која што најмалку ги спроведува одлуките на Европскиот суд за човекови права е нашиот сосед Бугарија, која што не сака да ги спроведе одлуките поврзани пред се со регистрирањето на организацијата ОМО “Илинден”- Пирин. Јасно посочив дека Бугарија мора да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови права како и одлуките на парламентарното Собрание на Советот ...

Read More »

Бугарија има рок од 30 дена да го признае македонското малцинство

Прашањето на македонското малцинство и 16-те пресуди на ЕСЧП што треба да ги спроведе Бугарија добија и точна временска одредница, односно до 11 декември Бугарија мора да го признае и да му ги овозможи сите права на многубројното македонско малцинство или ќе биде исклучена од Советот на Европа. Со тоа е испратена јасна порака до официјална Софија дека не може ...

Read More »

Првиот човек на Судот за човекови права во Стразбур ја повика Бугарија да ги почитува пресудите

Општото начело е сосема јасно е секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата. Ова го денеска на прес-конференција го изјави претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано ...

Read More »

САД работат на прашањето за правата на ОМО „Илинден“ во Бугарија

За време на сослушувањето во поткомитет на Претставничкиот дом на Конгресот американскиот помошник-заменик државен секретар, Пабло Ескобар, освен што рече дека Македонија и Албанија мора да започнат преговори со Европската унија до крајот на годината, спомена дека САД работат и на прашањето за отфрлањето на правата на ОМО „Илинден“ од страна на бугарските власти. Ескобар беше прашан од конгресмен што ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права се заблагодари на Европската слободна алијанса за поддршката за Македонците во Бугарија и Грција

Европската Слободна Алијанса (ЕФА) продолжува со својата силна поддршка за човековите права на Македонците. На своето Генерало Собрание што се одржа меѓу 14 и 16 октомври 2021 година во Брисел, ЕФА ја објави следната декларација. ЕФА ја разобличи систематската дискриминација на Македонците во Бугарија и Грција, и ги посочи протоколите на самата Европска Унија во кои се бара да се ...

Read More »

ЕФА ја повика ЕУ да ги охрабри Бугарија и Грција да го признаат македонското малцинство

Европската слободна алијанса ЕФА усвои деновиве Декларација во Брисел со која ја повикува Европската унија да ги охрабри Бугарија и Грција да го поддржат самоопределувањето и културниот идентитет на своите граѓани од македонско потекло. Според ЕФА Македонците ги исполнуваат критериумите за малцинство, лојални се на државите во кои живеат и се силно мотивирани нивниот заеднички идентитет, вклучувајќи ја нивната култура, ...

Read More »

Организациите на Македонците во Бугарија бараат да запре дискриминацијата

Македонските организации во Бугарија со декларација побараа од Софија да запре со негирање, дискриминација и асимилација на македонското малцинство. Тие бараат измени во бугарскиот Устав со цел да се гарантираат правата на националните и етнички малцинства. Воедно ја повикуваат Софија да запре да ја уценува Македонија и да ја деблокира нејзината евроинтеграција, повлекувајќи ги сите барања, кои не претставуваат дел ...

Read More »

Да се изјасниш како Македонец во бугарски попис е „невозможна мисија“

Посебна графа „Македонец“ немало на ниту еден попис, па нема ниту сега. Има само три народности: Бугари, Турци, Роми и посебно графа „Други“, каде што теоретски би требало сам да ја одредиш народноста. Но, многу често луѓето се попишувани без нивно присуство или им се менува исказот. Не може да се знае колку Македонци денес живеат во Бугарија затоа што ...

Read More »

Европската слободна алијанса ја повика Европската Унија да ги заштити правата на Македонското малциство во Бугарија

Гастајц, 20 јули 2021 Драга претседателке Вон дер Лејен, драг комесаре Рејндерс Во име на Европската Слободна Алијанса и нашата партија – членка ОМО “Илинден” – Пирин, ви пишувам да изразам загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија. Долги години македонското малцинство е изложено на малтретирање од страна на државата, и му се негираат основните човекови права кои се ...

Read More »