Tag Archives: православие

Божествена Литургија во небесните височини на Крчин

Еве, веќе, трета година по ред како нашето братство од Бигорскиот манастир и сестринствата на манастирите од Рајчица и Пречиста, предводени од возљубениот игумен и старец, Архимандрит Партениј, со посебна љубов и посветеност отслужија Божествена Литургија на врвот Крчин, што се наоѓа на надморска височина од 2341 м. Управувајќи ги сите наши сили кон искачувањето на овие небесни висини, заедно ...

Read More »

Македонците во Албанија ја слават Огнена Марија во Мала Преспа

  Денес е Света Огнена Марина – Марена, празникот Света Огнена Марија се слави секоја година на 30 јули, овој ден се смета за најтопол ден во годината. Македонците во Мала Преспа, традиционално ја слават во село Туминец на манастирот Света Марена. Марина се роди во незнабожечки дом во Антиохија Писидиска. Со христијанството се запозна и се крсти на свои 12 години, ...

Read More »

Сајтот на Манастирот Св. Јован Бигорски веќе достапен и на англиски јазик

Возљубени пријатели, сајтот на Манастирот Св. Јован Бигорски веќе достапен и на англиски јазик. Со особена радост ви соопштуваме дека, како што ветивме после објавувањето на грчката јазична верзија на нашиот сајт, со Божја помош е завршена и верзијата на англиски јазик. Споделувањето е чин на љубов – стои во соопштението на Манастирот Св. Јован Бигорски.

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Св. Наум Охридски Чудотворец

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, македонско друштво „Илинден“-Тирана упатуваме искрени честитки по повод Св. Наум Охридски Чудотворец, да го почитуваме и славиме овој голем ден – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.

Read More »

Премиерот Заев побара признавање на МПЦ од Вселенската Патријаршија, Вселенскиот патријарх позитивно одговори

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет. Вселенската патријаршија на денешната седница позитивно одговорила на барањето на Премиерот Заев, наведувајќи дека презема одговорност за прашањето на Охридската Архиепископија. Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија во Константинопол го разгледа прашањето со нерешениот ...

Read More »

Свечена академија по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија (ВИДЕО)

По повод илјада години од госновањето на Охридската архиепископија, вечерва во катедралната црква „Света Софија“ се одржува свечена академија. На свеченоста се обратија поглаварот на МПЦ-Охридска архиепископија, г.г. Стефан и митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, Претседателот д-р Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Настанот го збогати и Камерниот оркестар на Филхармонијата, манастирските хорови „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“, а ...

Read More »

Денес е Света Педесетница – Духовден

Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница ...

Read More »

1000 години Охридска Архиепископија (ВИДЕО)

  Останаа само уште неколку дена до најголемиот настан, со кој се гордее целиот наш православен народ Илјада години од основањето на Охридската Архиепископија (1018-2018). Како што се вели во самото видео што наменски е подготвено за да го најави овој најголем јубилеј, тоа се години на „напластена мудрост, божественост и просветление, тоа е милениум на црковна и сенародна свештена убавина и ...

Read More »

Патријарх Кирил: Посланието на Кирил и Методиј треба да се претстави на разбирлив јазик на современите луѓе

  Неопходно е да се актуализира посланието на Св. Кирил и Методиј и да се претстави на разбирлив начин, за да стигне до срцата на модерните луѓе. Тоа го изјави денеска патријархот на Москва и цела Русија, Кирил по литургија во храмот „Христос Спасителот”, која ги отвори вратите за прославата на Денот на сесловенската писменост и култура. Патријархот рече дека го насочува ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден” –Тирана по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај од свое и од име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви го честита 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа од Солун Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература основачи на првата словенска азбука – ...

Read More »