Tag Archives: Претседателот на Република Македонија

Новогодишно обраќање на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов (ВИДЕО)

Доаѓањето на новата година кај секој од нас буди нови надежи, нови очекувања и копнежи за поубава, посреќна и безгрижна иднина. Годината што измина сите сакаме што побрзо да ја заборавиме, а годината што доаѓа да биде година на остварување на сите наши желби и соништа. Во овие моменти кога ја чувствуваме моќта на надежта и на радоста, се навраќаме ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го прими Џон Саливан, заменик државен секретар на САД

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Џон Саливан, заменик државен секретар на Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети мислења за тековните политички случувања во Република Македонија, за евроатлантските перспективи на земјата и за актуелните случувања во регионот. Македонскиот претседател истакна дека европските и евроатлантските интеграции остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република ...

Read More »

Иванов на Ручи: Очекувам подобра заштита и афирмација на Македонците во Албанија

  Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи. Претседателот Иванов и претседателот на албанското Собрание, г. Ручи разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, констатирајќи дека политичките односи бележат позитивен тренд на развој, со континуиран политички дијалог и учество во заедничките иницијативи и активности ...

Read More »

Честитка од претседателот, д-р Ѓорге Иванов по повод државниот празник Св. Климент Охридски

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Св. Климент Охридски упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на преподобното свештенство, како и на сите православни верници во земјата и во ...

Read More »

Обраќање на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов

  Во изминатите неколку години во повеќе наврати јавно предупредував на опасностите кои се закануваат по стабилноста на Република Македонија и по суверенитетот на граѓаните на Република Македонија. Со длабоко жалење констатирам дека овие мои предупредувања беа игнорирани, а резултатот од тие игнорирања денеска сите го чувствуваме. Денеска, ви се обраќам вам, на граѓаните на Република Македонија, со цел да ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија учестува на Самитот за Климатски промени COP24 во Полска

Како претседател на Република Македонија, имам чест прв да Ви се обратам на моето последно учество на Конференцијата на Страните. Во последните десет години бев сведок на високи очекувања и големи разочарувања, на големи препреки и на уште поголема решителност на грст луѓе, едно глобално креативно малцинство, коешто беше одлучно да нѐ доведе нас, креаторите на политики и носителите на ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во посета на Кралството Јордан

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, од денеска, 18 ноември 2018 година, недела, престојува во официјална посета на Хашемитското Кралство Јордан. Денеска, во Кралската палата Ал Хусеин во Аман, претседателот Иванов со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин. Во ...

Read More »

Сопштение од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија e згрозен од содржината на јавно објавеното решение за притвор на лицето Кирил Божиновски, каде се цитира идентична службена белешка на УБК, како и во случајот на Миле Јанакиески. На идентичен начин се злоупотребува Претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов го прими премиерот на Малта

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими премиерот на Република Малта, г. Џозеф Мускат, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и го поздравија интензивирањето на политичкиот дијалог меѓу Република Македонија и Република Малта. Македонскиот претседател потенцираше дека со воспоставувањето на билатералните односи меѓу ...

Read More »

Претседателот на Република Македонија, Иванов присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на 100 години од крајот на Првата Светска Војна

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на покана на Францускиот претседател г. Емануел Макрон, во Париз присуствуваше на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна. Претседателот Иванов и сопругата, г-ѓа Маја Иванова, изутрината беа пречекани во Елисејската палата од францускиот претседател Макрон и неговата сопруга, г-ѓа Брижит Макрон, по што заедно со присутните шефови ...

Read More »