Tag Archives: Спутник В

Во светот расте интересот за руски и кинески вакцини

Додека земјите во светот ги подготвуваат своите програми за вакцинирање, Русија и Кина го пополнуваат „вакуумот за вакцини“ оставен отворен од Западот. Доцнењата во производството и убавите вести за нивните вакцини се чини дека им нудат на Русија и Кина подобра глобална позиција. Една нова студија ѝ помогна на водечката руска вакцина против коронавирусот да се заборават критиките за нејзиното ...

Read More »

Унгарија ја одобри руската вакцина

Унгарскиот национален центар за јавно здравје ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирус „Спутник В“ во таа земја, објави унгарскиот министер за човечки ресурси, Миклош Каслер. Како што наведе во објава на Фејсбук, Центарот ја завршил официјалната проценка на вакцината, пришто било заклучено дека ги исполнува стандардите за квалитет и може да се користи на луѓето. Во Унгарија досега ...

Read More »

Иран ја одобри руската вакцина „Спутник V“

Иран ја одобри руската вакцина против новиот коронавирус, потврди во вторникот во Москва иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, чијашто земја тешко настрада во пандемијата но поради одредени пречки одлучи да не ги увезува западните вакцини. „Вакцината Спутник V вчера е регистрирана во Иран. Ја одобрија нашите здравствени власти и наскоро, се надеваме, ќе можеме да ја купиме ...

Read More »

„Спутник В“ бара дозвола за пазарот на Европската Унија

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), производител на вакцината „Спутник В“, поднесе барање до Европската агенција за лекови за регистрација на вакцината во Европската Унија и очекува таа одлука да биде донесена во февруари, објави РДИФ на својот официјален твитер-профил за вакцината „Спутник В“. Во соопштението издадено од РДИФ на „Твитер“ се вели дека тимовите на производителот на вакцината „Спутник ...

Read More »

Русија започна масовна вакцинација со Спутник V

Русија викендов ја започна својата програма за масовна вакцинација против ковид-19, и тоа на клиниките во главниот град Москва со вакцинирање на лица кои се изложени на најголем ризик од вирусот. Вакцинацијата е со руската вакцина Спутник V, која прва беше објавена уште во август, а за која производителите наведуваат дека е 95% ефикасна и дека нема поголеми несакани ефекти, ...

Read More »

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ ќе чини помалку од 20 долари

Руската вакцина против коронавирусот „Спутник V“ на меѓународниот пазар ќе чини помалку од 20 долари за лице и ќе биде бесплатна за руските граѓани, е објавено на официјалниот профил на „Твитер“ посветен на рускиот лек. Вакцината ќе се прима во два наврата, а секоја доза ќе чини помалку од 10 долари. Објавувањето на цената доаѓа во време кога Русија се ...

Read More »

Руското министерство: Вакцина Спутник V има над 90% ефикасност

Руската вакцина Спутник V е ефикасна повеќе од 90 проценти, изјави денеска директорката на истражувачкиот институт во Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци собрани за вакцинираните граѓани. Нејзината изјава доаѓа кратко откако фармацевтската компанија Pfizer Inc. и биотехнолошката компанија BioNTech објавија дека нивната експериментална вакцина covid-19 е ефикасна повеќе од 90 проценти. „Ние сме одговорни за следење на ефективноста ...

Read More »

Русија бара од СЗО брза регистрација на руската вакцина против ковид-19

Рускиот фонд за директни инвестиции испрати барање до Светската здравствена организација за забрзана постапка за регистрација и преквалификација на вакцината против корона вирусот „Спутник В“. Програмата за обука на ООН е единствената глобална програма за осигурување на квалитетот на медицинските производи. Координатор на програмата е СЗО. Организацијата го проценува квалитетот, безбедноста и ефикасноста на препаратот. Под услов да ги исполнува ...

Read More »