Руското министерство: Вакцина Спутник V има над 90% ефикасност

Руската вакцина Спутник V е ефикасна повеќе од 90 проценти, изјави денеска директорката на истражувачкиот институт во Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци собрани за вакцинираните граѓани.

Нејзината изјава доаѓа кратко откако фармацевтската компанија Pfizer Inc. и биотехнолошката компанија BioNTech објавија дека нивната експериментална вакцина covid-19 е ефикасна повеќе од 90 проценти.

„Ние сме одговорни за следење на ефективноста на Спутник V кај граѓаните кои го примија како дел од програмата за масовна вакцинација“, рече Оксана Драпкина, директор на институтот за истражување во Министерството за здравство.

“Врз основа на нашите согледувања, таа е ефективна повеќе од 90 проценти. Појавата на друга ефикасна вакцина е добра вест за сите”, забележа Драпкина.

Русија воведува вакцина за домашна употреба и покрај фактот дека последните фази од испитувањето сè уште не се завршени.

Претходно во текот на денов, Александар Гинзбург, директор на московскиот институт Гамалеја, кој го разви рускиот кандидат за вакцина, ја поздрави веста што дојде од Фајзер.

“Очекуваме во блиска иднина да ги објавиме привремените резултати од тестовите на Спутник V откако ќе бидат регистрирани, од таканаречената трета фаза на тестирање. Сигурен сум дека нивото на неговата ефикасност исто така ќе биде високо”, рече тој.

Русија се подготвува овој месец да ги објави прелиминарните резултати од големото тековно тестирање со луѓе познато како Фаза III. Тие ја тестираат вакцината на 40.000 луѓе во Москва.