Тајани: Во Албанија има граѓанска војна меѓу опозицијата и владата

Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, рече дека сегашната ситуација во Албанија е многу опасна за стабилноста на регионот, оценувајќи истовремено дека се води „граѓанска војна“ меѓу тамошната опозиција и влада.

Антонио Тајани за време на посетата во САД, каде што се состана со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, рече дека тие се многу фокусирани на Балканот, бидејќи „стабилноста на Балканот значи стабилност за Европа“.

Во таа прилика тој рече дека станало збор и за ситуацијата во Албанија, за која истакна дека е мошне тешка бидејќи „е во тек граѓанска војна меѓу опозицијата и владата“. Тајани зборуваше и за инвестициите на Балканот, велејќи дека мора да се внимава од каде доаѓаат.

„Тоа не важи само за европските, туку и за руските, арапските и турските инвестиции. Ова е тешка игра“, рече Тајани, додавајќи дека Европа мора да биде мошне активна.

Advertisement